|
||||
ДВА ЈАЗИЧНИ АРШИНА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА |
Повод за моето јавување од универзитетскиот град Гвиелф, во Онтарио, Канада е текстот под наслов „Во Летонија, две спротивставени јазични страни“ од коментаторот Гвин Даер, објавен во весникот „Гвиелф Мркури Трибјун“. Имено, во текстот со поднаслов „Руското говорно малцинство во Летонија претставува комплексен предизвик за владата која се залага за единство“, меѓу другото се вели. Во светот постојат многу земји кои имам еден или повеќе официјални јазици. Така, Канада има (2), Белгија (3), Швајцарија (4), Јужна Африка (11), Индија (23) и тн. Сите тие земји имаат проблеми да ги избалансираат барањата на различните јазични групи. Но, Летонија има само еден официјален јазик и има многу поголеми проблеми од споменатите земји. „Нема потреба за втор јазик. Кој тоа го сака може да го употребува својот јазик дома или во училиште“, рекол претседателот на Летонија Андрис Берзинс во 2012 година, кога имало референдум за да се официјализира рускиот јазик како втор јазик во таа земја. Уште полошо, неговиот заменик, претседателот Реимонц Вејонис, во понеделникот потпишал дектер во кој се официјализира дека рускиот јазик нема повеќе да се употребува во основните училишта. Дури и во средните училишта учениците кои зборуваат руски, ќе учат само на летонски сеʼ до 2021 година. Притоа претседателот Вејонис рекол „Со тоа општеството ќе биде многу повеќе кохезивно, а државата појака“. Во текстот во продолжение е дадено дека Летонија кога ја доби својата независност во 1991 година, според официјалните податоци имала 42% руско малцинство, а потоа се дадени голем број историските прилики и неприлики, бројни податоци, аргументи и вистини, карактеристични за руското малцинство од тој дел на Европската Унија која има два јазични аршина. Славе Катин, |