Среда, 25 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Граѓаните се многу поинтелигентни, отколку што мислат СДСМ и Зоран Заев

sdsm-ne-znae-da-raboti

Правдата за семејствата на ликвидираните момчиња кај Смилковско е поважна од коалицијата на Заев со ДУИ

Картелот на власт на чело со Зоран Заев си поигрува со трагедијата на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско езеро и ја манипулира целата јавност.

Обвинетите се на слобода, исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Не постои никаков интерес сторителите на грозоморната егзекуција да бидат ставени зад решетки. Родителите на свирепо убиените момчиња кај Смилковското езеро на Велики четврток, пред 6 години чекаат Заев да ја каже вистината, која тврдеше дека ја знае.

Заев морбидно си поигрува со нивните чувства и секој ден измислува нова лага.

-Заев ја злоупотреби судбината на петте семејства и целиот случај го искористи во крајно морбидна политичка кампања. Алудираше дека функционери од ДУИ стојат зад настанот, дека обвинетите биле во контакт со Невзет Бејта и дека пет од броевите кои биле заведени како државна тајна се на високи функционери на ДУИ. Истиот тој Заев сега манипулира со јавноста велејќи дека Азири и Бејта разговарале за земјоделски субвенции. Зоран Заев, човекот кој кога го прашуваат за богатството на неговото семејство вели дека не е сигурен дали се шест или седум милиони евра, одеднаш се сеќава дека разговорот помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, на денот на убиството не бил поврзан со убиството, туку бил за земјоделски субвенции, ни помалку ни повеќе од 450 евра, стои во соопштението и се додава:

„Граѓаните се многу поинтелигентни, отколку што мислат СДСМ и Зоран Заев. Приказните од типот дека полицајци сами се удираат од пајаци или дека обвинетите во масакрот се гонат само заради тоа што разговарале за 450 евра субвенции се провидни и лесно се наѕира манипулацијата. Случајот со свирепото убиство кај Смилковско езеро надвор од правната логика е вратен на повторно судење, а убијците ослободени од притвор. Сето тоа е дел од платформата од Тирана, врз чија основа Заев ја направи коалицијата со ДУИ“.

Правдата за семејствата на ликвидираните момчиња е поважна од коалицијата на Заев со ДУИ.

-Додека десетина патриоти, кои се политички неистомисленици на Зоран Заев како дел од монтиран судски случај со месеци се влечат по притвори и судови, без докази и аргументи, обвинети за тероризам, првично осудени убијци се пуштени на слобода. Заев ја претвори државата во свој картел, каде криминалците се на слобода, а чесните граѓани се измачуваат. Оваа неправда мора да заврши. Правната држава мора да се врати. Граѓаните заслужуваат подобро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.