Понеделник, 30 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Криминална афера за власта во Република Македонија
Мицкоски објави криминална афера за братот на Зоран Заев, бара реакција од Обвинителството

Мицкоски објави криминална афера за братот на Зоран Заев, бара реакција од Обвинителството

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави криминална афера за власта во Република Македонија.

-Криминалот и корупцијата сериозно го гушат нашето општество, додека во општеството се наметнуваат теми кои внесуваат етнички поделби се одвлекува вниманието кон теми од минатото без да се гледа иднината, теми кои служат за колективна хипноза во реалноста се случуваат сериозни случаи кои отвораат сомнеж за сторен криминал. Македонија се бори со криминален канцер кој го труе општеството и чии пипци навлегуваат во секоја пора, а изворот на тој канцер стига до највисоките структури на власта. Денес ќе презентирам индиции и сомнеж за постоење криминал во кои се вмешани компании на луѓе од врвот на власта. Ова е случај каде треба да се вклучи во сите аспекти јавното обвинителство на Македонија. Обвинителството треба да провери дали е точно дека компанијата која важи за блиска до власта „СВ Инвест“ е ангажирана за под изведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола која пак претхбодно добива огромен бизнис во четири очи. Од материјалот кој може да се види фирмата врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека сопственик на овие камиони не е компанијата „СВ Инвест“, туку компанијата ДГИ тотал инжинеринг Струмица каде управител и сопственик е лицето вице Заев брат на премиерот Зоран Заев.

alt

-Истите возила се со струмички регистарски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони не е „СВ инвест“, туку компанијата ДГИ Тотал инжинеринг од Струмица, каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев. Имено, во одреден временски период, на почетокот на оваа година, Обвинителството треба да провери колку пари, за која работа, низ каква процедура и во чие име работа вршеле возилата на компанијата на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев. Дали и низ каква постапка компанијата на Вице Заев врши услуга чиј краен корисник е државна компанија и зошто неговите камиони се со налепници на друга приватна компанија, обелодени Мицкоски.

Мицкоски потсетува дека компанијата СВ инвест со чии налепници се обележани камионите во сопственост на компанијата на Вице Заев, беше дел и во друг сомнителен тендер за ангажирање на работници во РЕК Битола, во четири очи, по многу повисоки цени од тие кои реално се исплаќани на работниците.

-Јавноста заслужува одговори, Македонија тоне во криминал и одговорност мора да има, порача Мицкоски.

Превземено од Курир

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.