Недела, 06 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Куманово пак да ви се деси
Арсовски: СДСМ и Заев на полицајците гледаа како на убијци, ги навредуваа, омаловажуваа и им посакуваа смрт, а денеска им организираа прослава

Арсовски: СДСМ и Заев на полицајците гледаа како на убијци, ги навредуваа, омаловажуваа и им посакуваа смрт, а денеска им организираа прослава

СДСМ и Зоран Заев на полицајците гледаа како на убијци, ги навредуваа, омаловажуваа и им посакуваа смрт. Владата на СДСМ, Зоран Заев и Спасовски организираа прослава на полицијата по повод денот на полицијата, 7 Мај а само пред три години екипата околу нив ликуваше со смртта на 8 припадници на полицијата во судирот со терористите во кумановската населба, Диво Насеље, ова на денешна прес конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Замислете Зоран Заев и Оливер Спасовски, во време кога цела држава беше во жалост, кога ги погребуваа полицајците, наместо да изразат сочуство отидоа во Диво Насеље и се сликаа смеејќи се на местото каде што хероите гинеа за Македонија. Патем Шилегов во текот на полициската акција се исмејуваше со полицајците кои ги дадоа своите животи и викаше дека во Куманово се играла детската игра, КАМАЈ-КАМАЈ, вели Арсовски.

Тој додава дека Медиумите блиски до СДСМ ширеа лаги и креваа тензии за време на акцијата и известуваа дека полициските сили убивале цивили и деца со што подгрева етничка омраза.

-Тричковски, инаку близок до СДСМ посакуваше уште жртви, а во текот на протестите на сдсмовската Шарена Револуција на полицајците им посакуваа “Куманово пак да ви се деси“ и ги нарекуваа дека се убијци. Едмонт Адеми, кој во моментов е министер во владата на Зоран Заев во текот на истата таа шарена револуција повикуваше на крвопролевање по улиците. Пендаровски во стилот на Зоран Заев, како во случајот со убиените деца од Смиљковско езеро, сееше политичка магла дека полицијата учествувала во исконструирана акција. Во уште десетици и десетици случаеви, СДСМ ги омаловажуваше полициските службеници, а нивните акции беа исмевани и нивните жртви беа сведувани врз база на детска игра. Ова е вистинскиот однос на СДСМ кон полицијата и нивната улога во обезбедување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, истакна Арсовски.

Тој потенцира и дека полицајците не се убијци, не си играат Камај Камај, не убиваат цивили и не предизвикуваат судири, туку напротив, тие се грижат за сигурноста и безбедноста на оваа земја и на овој народ. Со ваков СДСМ и со ваква Влада се девалвира работењето на полицијата, а губат и полициските службеници и граѓаните на Република Македонија. Време е неспособното раководство на СДСМ кое ја предводи владата, да си замине од власт.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.