|
||||
Loading….. R.Macedonia for NATO and EU, објавено на Македонска нација во Јули 2009 година |
Случајно или не ... Неодамна Баро ја именуваше нашата татковина како Северна Македонија . Дали можеби применуваше метод провокација за реакциија и точна информација од евентулен притисок на ЕК за условување на Македонија за влез во ЕУ под друго име. Дали ваквата грешка на еден висок преставник е резултат на некакво тајно крчкање и подоготвување на терен за промена на нашето име, зошто овој висок преставник не прави грешка нарекувајќи не Р.Македонија. Со оглед на тоа дека во наредниот период се предвидуваат засилени преговори помеѓу Р.Македонија за проблемот на Грција со нашето уставно име, овие сигнали се очигледни и за мене не претавуваат грешка . Во време кога Македонија ги исполнува скоро сите услови за влез во ЕУ а покрај сите исполнети услови доби вето за во Нато, во време кога Македонија доживува исполнувањето на огромен број условувања од ЕУ , тие се стремат со политички мерки да и го оневозможат на Македонија интегрирање во сојузот и унијата. Оставаат впечаток дека Македонија по секоја цена мора да го смени името за да ја добие европската и нато интеграција. Во едно интервју Лорд Џорџ Робертсон вели дека Скандал е што Македонија се уште не е поканета во НАТО... кога би разговарале отворено скандал е и тоа што Македонија испраќа свои војници во сите мировни мисии но никој за тоа не вели Благодарам, велат морате да бидете флексибилни во решавањето на проблемот со името, небаре учеството во овие мисии нетреба ни да се критукува ни да се фали како да е неважно. Од друга страна Грција како стара членка на НАТО заради која немаше консензус за влез на нашата држава во алијансата, процентуално учествува многу малку, но тоа не е важно. затоа почитувани кога веќе се зборува за принципи немојте да зборувате цитирам, ... се разбира дека една членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамките на НАТО,...(Робертсон за Вечер),но истотака не заборавајте дека принципот на солидарност не се однесува само на процесот на донесување на важни одлуки туку и на задачите (учество во мисии) кои секоја членка мора да ги испочитува. Се спротивно значи поделба на земјите на омилени и неомилени, фаворизирани и помалку важни итн. Алијансата како стара организација позната по светот по својата принципиелност или можеби повеќе самодекларирана како таква, влечејќи вакви потези е контрадикторна сама на себе. Ова само по себе незначи дека глобалната слика за алијансата е негативна, но кака што тие милуваат да не критикуваат и советуваат, истотака и ние како граѓани имаме право да упатиме апел за очигледни политички непринципиелни изјави и одлуки. Така функционираат рамноправните партнери. Во спротивно, секое априорно потврдување на секоја одлука, изјава што се однесува на Македонија како правилна не става во позиција на надредени и подредени. Ова пред се заради тоа што во НАТО сите солидарно и рамноправно учествуваат во процесите што ги креира потребата за безбедност во светот. Оттука прифаќаме добронамерни совети за решавањето на проблемот за кој впрочем мислам дека е ирационален елемент во целата приказна за НАТО, но не и постојан притисок кој веројатно се должи на помоќното грчко лоби. И самите високи преставници на алијансата ќе кажат.. видете живееме во реален свет на политика, понекогаш индивидуалните интереси на земјите мораат да бидат жртвувани за општото добро на алијансата..., па зарем, Македонија во целата оваа работа не е општото добро, а проблемот на Грција индивидуален интерес кој што се обидува да го реализира неблагодарно користејќи ги механизмите што и стојат на располагање како членка на НАТО. Македонија цврсто стои на својата европска и евроатланска интеграција, исполни скоро се што се побара од неа, но во секоја работа треба да се биде умерен. Затоа постојаното потсетување: „бидете флексибилни и решете го проблемот“ е легитимно право, но пречестото манипулирање со него би можело да се квалификува како постојан притисок врз државата и граѓаните. |