Среда, 23 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Принцип EX INJURIA JUS NON ORITUR

Igor JanevПроф.др Игор Јанев

Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН од страна на Република Македонија не ги легализира нелегалната постапка за прием и нелегалните обврски.

Во врска со актуелизирање на прашањето за воспоставување на уставното име на Република Македонија во Обединените Нации понекогаш се поставува прашаwето дали таков чекор е правно возможен кога се знае дека Македонија фактички ја прифати резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН со која беше извршен приемот, а која ги содржи условите да Македонија:

а) го прифати привременото име ("реферирање") ПЈРМ за користење во системот на ОН и

б) да преговара со Грција околу своето име. (Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи "се додека не се разреши разликата која се појави околу името", но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има и експлицитен вид).

Прифаќањето на оваа резолуција од страна на Македонија имплицира дека таа го прифаќа и "реферирањето" ПЈРМ во ОН и обврската да преговара околу своето име со Грција. Од друга страна, во нотата на тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија од 24 март 1993 година до Претседателот на Советот за безбедност, во врска со Нацртот на резолуцијата 817 (1993) на Советот, се нагласува дека "Република Македонија ни под кои услови не е спремна да го прифати ПЈРМ како име за земјата".

Во истата нота исто така се изразува и "разочарување" што Советот за безбедност не ја следел стандардната форма на резолуциите за прием на нови членки во ОН.

Овој протест на македонската влада во врска со текстот на препорачувачката резолуција на Советот за безбедност, меѓутоа, е наполно игнориран во дефинитивните текстови на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност, а и во рез. 47/225 (1993) на Генералното Собрание. Произлегува дека условите а) и б) при приемот на Македонија и се наметнати. (Дали при овие околности македонската влада би требала да ја повлече својата апликација за членство во ОН е политичко прашаше.)

Нас овде не интересираат правната валидност и правните последици на прифаќањето на резолуцијата 47/225 (1993) со наметнатите обврски за Македонија. Посебно, дали прифаќаwето на условите а) и б) може да биде препрека за превземање чекори кај ОН за испитување на нивната законитост, односно нивната согласност со одредбите на Повелбата на ОН.

Како што покажува правната анализа на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност и 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН, поставувањето на условите а) и б) на Македонија при нејзиниот прием во ОН претставува грубо кршење на Повелбата на ОН. Бидејќи со аргументите и резултатите на таа анализа нашата (па и светската научна) јавност е веќе запознаена, овде, заради дефинираwе на контекстот, ќе ги споменеме само најважните заклучоци на анализата.

Приемот на државата во членство на ОН е регулирано со членот 4 на Повелбата, чиј прв став ги пропишува условите за прием. Према советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година, прифатено и од Генералното Собрание на ОН (со резолуцијата 197/III (1948)), тие пропишани услови се егзостивни (потребни и доволни) и неможат да се прошируваат со дополнителни услови. Членка на ОН, која во Советот за безбедност или Генералното Собрание гласа за прием во членство во ОН на некоја држава, "правно не е овластена да ја даде својата согласност за прием во зависност од услови кои не се изрично предвидени во ставот 1 од речениот член (4)", се вели во споменатото судско мислење што е потврдено со резолуцијата 197/III (1948) на Генералното Собрание.
Во резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност се оценува дека Македонија ги задоволила критериумите за прием наведени во членот 4, став 1 од Повелбата (со што Македонија стекнува право на членство), но се додаваат уште и гореспоменатите два услови, со што се проширува исцрпното множество на потребни и доволни услови на членот 4. Вклучувањето на овие услови во резолуцијата за прием има нелегален карактер, бидејќи членот 4, интерпретиран со прифатеното Судско мислење од 1948 година, претставува правна норма. Гласањето во Советот за безбедност и во Генералното Собрание за соответните резолуции, сврзани за приемот на Република

Македонија во ОН, кои ги содржат дополнителните услови, очигледно претставува пречекоруваwе на овластувањата на овие органи. Вклучувањето на овие услови во резолуциите за препорака и одлучување за приемот, поред оние од членот 4 за кои се тврди дека Македонија ги исполнила, доведува до ad hoc воведуваwе во системот на ОН нова институција на "условен прием", што не е предвидено со Повелбата, или со било кој друг документ на ОН. Имено, дополнителните услови поставени на Македонија при приемот не се услови што таа треба да ги исполни пред влегување во членството, туку обврски што таа треба да ги прифати како членка (ако сака да постане членка). Ова укажува дека дополнителните услови поставени на Македонија немаат правна, туку чисто политичка природа. Поставањето на (и гласањето за) дополнителните услови во соответните резолуции за препорака и прием на Република Македонија во членство на ОН, према тоа, претставува грубо кршење на членот 4 од Повелбата и одземање на правото на кандидатот на прием во членство, кога ги исполнува пропишаните (во членот 4 на Повелбата) критериуми за прием.
Нелегално поставените дополнителни услови за Македонија при нејзиниот прием во ОН имаат и други, значително поважни правни ефекти. Со наметната деноминација ПЈРМ (за користење во ОН), на Македонија и се одзема нејзиниот правен идентитет (и заменува со друг), и поред нејзиното противење (во напред споменатата нота) на македонската влада. Одземањето на правниот идентитет на државата, како битен елемент на нејзината правна личност (заштитена со Декларацијата за принципите на ме|ународното право од 1970) представува грубо кршење на правниот принцип на суверена еднаквост на државите (-членки), прокламиран во членот 2, став 1 од Повелбата. Повеќе од тоа, со вториот услов б) за прием, Македонија е натерана да прифати обврска да преговара околу своето име, со што ОН (како, впрочем, и со улсовот а)) навлегуваат во доменот на строгата внатрешна јурисдикција на државата, спротивно на член 2, став 7 од Повелбата. Изборот на името е инхерентно право на секоја држава (самоопределуваwе на сопствениот легален идентитет), односно влегува во jus cogens нормите на меѓународното право. Со обврската за преговори со Грција околу името, на Македонија и се одзема едно инхерентно право, а на еден надворешен субјект (држава) му се дава возможност за мешање во внатрешните работи на државата. Тоа е исто така спротивно на членот 2, став 4 и 7 од Повелбата. Деградираната правна личност на Македонија во ОН и обврската да преговара со Грција околу името ја поставуваат Македонија во дискриминирана положба во однос на другите држави-членки на ОН, т.е. во нерамноправен членски статус.

Принципите на ОН внесени во членот 2 на Повелбата представуваат првни норми кои ги обврзуваат како ~ленките, така и Организацијата на ОН, како меѓународен правен субјект. Нивното прекршување повлекува правна одговорност. Како и повредата на член 4, став 1, повредите на став 1 (суверена еднаквост на државите - членки) и став 7 (немешање во внатрешната јурисдикција) од членот 2 на Повелбата представуваат акти на пречекорување на овластуваwата на Организацијата (ultra vires акти).

Да се вратиме кон прашањето поставено во почетокот: дали прифаќањето од страна на Македонија на резолуцијата со која е примена во членство во ОН, заедно со дополнителните обврски за Македонија кои таа резолуција ги содржи, ги отстранува повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата направени со таа резолуција? Одговорот е очигледно негативен. Членот 4 е правна норма и нејзината содржина и дејство не можат да зависат од "договорот" меѓу апликантот и Организацијата за нивно менување. Безправниот карактер на дополнителните услови а) и б) за прием на Македонија во членство на ОН произлегува од самиот карактер на таа норма (да ги фиксира условите за прием) и од фактот што дополнителните услови го трансцендираат чинот на приемот и, према тоа, немаат правна природа.

Согласно со принципот во меѓународното право ex injuris jus non oritur (од безправие не може да произлезе право), прифаќањето на незаконски поставените услови нема правна релевантност, т.е. не може да ги легализира таквите услови. Согласноста на апликантот да ги исполнува обврските сврзани со дополнителните услови за прием не ја ослободува Организацијата од одговорноста за пречекоруваwе на своите овластувања и за повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата. Правните норми на Повелбата имаат функција да воспостават одредени права и обврски за државите - членки и Организацијата кон кои тие треба да се придржуваат. Членот 4, став 1, на пример, го заштитува правото на државата да биде примена во членство кога ги исполнува пропишаните (во тој член) услови. Проширување на овие услови од страна на Организацијата представува повреда на оваа норма, па дури и ако апликантот се огласил со таквото проширување.

Правниот принцип ex injuria jus non oritur важи и во домашната јурисдикција. Ако е, на пример, законски пропишана минималната цена на работниот час, а работникот, заради нужда, се согласил да работи и за пониска цена, тоа не го ослободува работодавачот од одговорноста пред законот за понудената (односно платената) пониска цена на работниот час.

Во прашањата сврзани со приемот, суспензијата или исклучувањето од членство, Организацијата и државата - членка(односно апликант) се појавуваат како меѓународни правни субјекти, и тоа во однос кој има контрактуални карактеристики. Како што е познато од договорното право, согласноста дадена за контрактуалниот однос престанува да биде валидна ако таа е дадена под притисок, на измама, во заблуда, по грешка или со кршеше на правилата на меѓународното право и посебно, неговите jus cogens норми (како што се правната еднаквост, самоопределувањето, недискриминацијата и сл.). Во случајот на приемот на Република Македонија во ОН, прифаќањето на дополнителните услови за прим можел да биде резултат на возможни притисоци од разен вид, заблуда за законитоста на предложените нацрт - резолуции за приемот и сл.

Во секој случај, контрактуалниот однос (приемот) е воспоставен со нарушување на принципот на самоодредуваwе на легалниот идентитет и со воспоставуваwе на дискриминиран членски статус (правна нееднаквост) на Република Македонија, што укажува на правната невалидност на приемот (односно дефектност на резолуцијата 47/225 (1993)).

Заради сите овие причини, прифаќањето од страна на Република Македонија на дополнителните услови (обврски) содржани во резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание не може да се смета дека има правно дејство. Затоа Македонија има полна правна слобода да го постави прашањето за легалноста на тие услови пред Генералното Собрание на ОН, односно да предложи резолуција во Генералното Собрание со која Генералното Собрание бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за согласноста на поставените дополнителни услови кон Македонија при нејзиниот прием, со одредбите на Повелбата.

Note: Bilateral agreement between Macedonia and Greece (1995) can not prevent actions of the United Nations organs or delivering of the ICJ Advisory Opinion.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.