|
||||
Крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата |
Семакедонски протест за одбрана на името на македонските заедници од Германија, Франција, Италија, АвстријаПосле семакедонскиот протест на македонските заедници од Германија, Швајцарија, Данска, Австрија, Франција, Италија, Австрија, Шведска, Холандија, Луксембург и Белгија на 19 мај годинава пред Европската Комисија во Брисел, македонските заедници во Европа повторно се во офанзива, алармирајќи го јавното мислење во земјите каде живеат, меѓународната заедница и Европа за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! ГЕРМАНИЈА Македонската заедница во Берлин на 2 јуни организира протест за Македонија под мотото “Само сонцето е постаро од Македонија“ пред Бранденбуршката порта во Берлин во 13 часот, како поддршка на Македонците кои ќе протестираат истиот ден во 20 часот пред Владата на Македонија. Заедно во одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! – се вели во прогласот на Македонската заедница во Берлин како јавна покана за масовно учество на Македонците во Германија! ИТАЛИЈА Македонската заедница во Италија на 2 јуни во 20 часот организира антивладин протест за поддршка на Македонскиот народ, во одбрана на името и идентитетот. Протестот ќе се одржи пред Македонската црква во Неиве, Италија. Да се приклучиме кон борбата за Македонија, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Не пропуштајте ја можноста за спас на татковината, – се вели во јавниот повик на Македонската заедница во Италија. ФРАНЦИЈА Македонската заедница во Франција на 2 јуни во 14 часот на Place Trocadero во Париз организира протест под мотото “Нашето име е Република Македонија“. Ги каниме Македонците во Франција да го споделат единството во одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата. Потребни сме и’ на татковината за спас на Републиката, – се вели во соопштението на Македонската заедница во Франција. АВСТРИЈА Македонската заедница во Австрија организира мирен протест на 2 јуни во 13 часот пред зградата на Обединетите Нации во Виена 22, Wagramerstr 5, за одбрана на правата и слободите на Македонците во светот! Почитувани браќа и сестри Македонци и покрај сите разлики меѓу нас Македонците, и во татковината и во светот, Ве повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација, затоа што силата е во единството! Ве повикуваме на одбрана на унитарноста и државноста на Македонија! Ве повикуваме на одбрана на македонскиот јазичен простор за интегритетот и суверенитетот на Република Македонија! – се вели во јавниот проглас на Македонската заедница во Австрија. Подетални информации може да се добијат кај Гоце Анѓелкоски, мобилен 06764204401. СЕМАКЕДОНСКИ БАРАЊА Македонците во Европа бараат: Безусловен крај на разговорите за промена на името на државата и идентитетот на нацијата; Безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија; Отфрлање на Законот за употреба на јазиците; Поништување на Договорот Заев-Борисов за промена на историјата на Македонскиот народ; Помилување на сите притворени и затворени во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година; и итно помилување на Едмонд Темелко. Македонците во Европа и во светот бараат Претседателот на Републиката да достави: (1) Нота до Генералниот секретар на Обединетите Нации со која огласува безусловен крај на разговорите за разликата во врска со државното име со Владата во Атина и изразува благодарност на специјалниот пратеник Метју Нимиц за досегашниот ангажман, и (2) Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации и сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија (соодветно на ирската формула: Република Ирска и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска), без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонците и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonians и Macedonian language, независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат до денес! Македонците во Европа отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонската нација! Македонците во Европа отфрлаат референдум, ратификација на меѓународен договор и промена на Уставот со цел промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Светскиот Македонски Конгрес упатува јавен повик до Македонците во Европа за масовно учество на протестите на 2 јуни во организација на македонските заедници! Превземено од: |