|
||||
СДСМ е катастрофа во секој поглед |
Јоци до Заев: СДСМ е катастрофа, ако ВМРО-ДПМНЕ собра волку народ по една година, колку ли ќе собере следната пролет?Ако ВМРО-ДПМНЕ собра волку народ по една година власт на Заев, и тоа на митинг кој воопшто не беше најавуван долго и бомбастично, а нема на повидок ни никакви избори, се прашувам колку ќе собере следната пролет, напиша новинарката Јорданка Ивановска-Јоци на својот Фејсбук профил. -Она исто ВМРО, чии функционери, секој втор ден се по судови. Заеву, сам си го бараше. Име, закони за двојазичност, менување на истории, Устав, вработување на багра, неработење, делење места на морони, непотизми, фамилијарни бизниси, делење тендери, мендери, излитени пароли… Пројдоа деновите кога се „возеше“ на режим. Пројде филмот за режим кај народов. Ако. СДСМ е катастрофа во секој поглед. Ти си имаш поголем проблем всушност со оние кои те донесоа на власт, меѓу нив и јас. Само ти верувај си на тоа анкетите ,,а-ла Груевски”. Ти имаш проблем со неисполнување на ветеното и со шибицарење под маса. Тоа не проаѓа, му порача Јоци на премиерот Зоран Заев. |