Среда, 06 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Добрососедство не се гради со провокации

dobrososedstvo

Македонија е гордо име од чија големина се плашеле сите оние кои низ вековите владееле со нејзината територијата. За да ги задржи во покорност Македонците, нема владетел низ истоторијата кој не се обидувал да го избрише споменот за Филип и Александар Македонски.

Римјаните, Византијците, Турците, Грците, Србите и Бугарите ја делеле земјата на мериди, провинции, теми, вилаети на кои им давале разни имиња, а македонскиот народ различно го именувале како Словени, христијани, раја и слично, се за да се избрише нивниот идентитет.

Меѓутоа, никој од нив не успеал ниту да го избрише името, ниту да ги асимилира Македонците, кои од колено на колено со шепот ја пренесувале својата сторија за потеклото. Македонците се како пиреј, трева, која, како што вели писателот Петре М. Андреевски, колку и да ја корнеш, колку да го кубиш, тој пак не умира.
 
Природните граници на Македонија секогаш биле познати на народите на Балканот, но, немало писател кој можел верно да ги прикаже делата на Македонците. Книгите кои говореле за неговата посебност, за неговите дела биле палени. По Александриската библиотека, по наредба на папата било спалено и делото на Мавро Орбини од 1544 година, во кое врз основа на тезите на Винко Прибојевиќ, говори за истиот јазик со кој говореле Александар, Самоил и Св. Климент, како и за големината на Македонците од античко време па се до 16 век.

Иако османлиите особено ги ценеле Македонците, и тие, како и другите ја продолжуваат политиката на негирање на македонскиот народ. Со наредба на Неговото величество султанот од 7 април 1903 година, се известува дека: „Да се исфрли  од употреба овој термин, бидејќи без тоа е уништен нашиот внатрешен живот, бидејќи ако се прими овој термин во иднина ќе ни донесе штети. Македонија не постои, македонската нација не постои. Македонија мора да се нарече Јужна Србија. И тоа е неправилно, но терминот „Јужна Србија“ добил граѓанство.“

Македонците и македонското прашање не престанува да го тресе Балканот и во периодот меѓу двете светски војни. Српскиот професор Никола Вулиќ од Државниот универзитет на кралска Југославија во еден говор пред елитата на српската интелигенција во Српскиот културен круг во Белград, ќе изјави дека терминот „Македонија“ е релативен и треба да се исфрли од употреба.

Во резиме на говорот кој може да се најде во весникот „Време“ од 16 ноември 1939 година, Вулиќ објаснува: „Да се исфрли  од употреба овој термин, бидејќи без тоа е уништен нашиот внатрешен живот, бидејќи ако се прими овој термин во иднина ќе ни донесе штети. Македонија не постои, македонската нација не постои. Македонија мора да се нарече Јужна Србија. И тоа е неправилно, но терминот „Јужна Србија“ добил граѓанство.“

Дека Македонците и Грците не се еден ист народ, го потврдуват историските податоци кои велат дека Македонците говореле на свој мајчин јазик и не знаеле грчки.

Според Тукидид, разликите меѓу Грците и Македонците се воочуваат во карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност на обичаиите не може да се каже дека станува збор за ист народ.

Само да ги потсетиме Грците дека ако Македонците и Грците биле ист народ, тогаш Александар немал потреба да се нарекува крал на Македонците и Грците, туку само на Грците.

Без разлика, какви ќе бидат односите со нашиот јужен сосед, треба да знаат дека копаат на македонска земја, земја која никогаш не била Грчка се до Букурешкиот договор за мир во 1913 година, кога  Македонија била поделена.

Добрососедство не се гради со провокации.

Наместо да продолжат со негирањето на македонскиот народ, многу е подобро да го признаат, да си подадат рака и да се помагаат еден со друг, особено сега кога светот се престројува.

Секоја друга опција води до уште поголеми поделби со несакани разврски.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.