|
||||
Ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените |
Лоренс Игелбергер: Aко Mакедонија одлучи да го задржи уставно име, нема сила која може да ја присили на променаАко Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили на промена, изјави поранешниот државен секретар на САД Лоренс Игелбергер, во интервју за програмата „Отворено со народот“ на Македонската телевизија.
Според Игелбергер, не постои никаква причина македонскиот народ да го смени името кое го носи долго време за да некој друг да биде среќен. Околу посетата на грчка мисија во Македонија предводена од амбасадорот Маљас и професорот Кофос и нивната најавена средба во Охрид со македонски новинари и политичари, тој не е изненаден и прашува кој е „спонзорот“ за ваквата симулација на македонско-грчките преговори. – Грчката влада доста згреши со тоа што го покрена прашањето за тоа како вие сакате да се викате. Ова не е првпат во историјата два ентитети да го имаат истото име, и не треба да биде нешто за кое што грчката влада треба да се грижи и да ги носи своите приговори колку што ги однесоа досега, да ја уценуваат Македонија во поглед на европскиот пазар и во поглед на НАТО. Јас мислам дека е непотребно и погрешно, истакнува Игелбергер. Високиот американски политичар и познавач на приликите на Балканот додава дека поентата е оти може да се види дека грчката влада повторно се обидува да ја наметне својата позиција врз македонското име. – Грчката влада се обидува повторно да ве убеди да ја смените својата позиција, но нема да успее, вие ќе бидете исто толку цврсти по ова прашање како што сте биле досега. Мојата препорака е да не дозволите овие работи од вашиот сосед да ве тревожат. Останете смирени и цврсти, онаму каде што сте…ако вие одлучите дека сакате да менувате, тоа е до вас, но додека Македонија одлучува дека не сака да го промени името, дека не сака компромис по ова прашање, тогаш само останете цврсти, но смирени, нема што тие да можат да направат што ќе ве присили да го промените. До вас е да одлучите дали сакате да го промените или не, нагласува Игелбергер. Прашан што доколку не дојде до промена на името од страна на македонскиот народ, дали може да дојде до радикализација во меѓуетничките односи, користејќи ги албанците како предмет и дали САД би дозволиле повторно оган на Балканот, имајќи предвид дека САД потпиша технички договор за поддршка со Македонија, Игелбергер вели дека многу е тешко да предвиди што би сторила оваа администрација во САД, бидејќи не ги знае политиките на претседателот во поглед на Македонија или Грција. – Не велам дека не би сториле нешто да спречат војна на Балканот, мислам дека би било многу опасно да не го сторат тоа. Се надевам дека владата на САД би сторила сé да спречи војна на Балканотот…, додава Игелбергер во интервјуто за МТВ. На прашањето што би им порачал на грчите политичари, Игелбергер со став дека Грција треба да ја остави Македонија и нејзиното име на мира. – До Македонија и до македонците е да одлучат, а не на некој друг. Мојот совет би бил, ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените, но потоа обидете се да ги оладите работите, обидете се да ги спречите двете страни, и вашата и грчката, од некои непромислени постапки кои би можеле да доведат до конфликт, и со трпение ова прашање ќе се реши“. Превземено од: |