Понеделник, 18 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Новото име, според Виножито, е лошо, бидејќи директно имплицира поделена територија
alt
За преспанскиот договор

Виножито: Ние сме против менување на уставното име, новото име е лошо

Партијата на Македонците во Грција, Виножито, по потпишувањето на Договорот за решение за името се огласи со соопштение во кое вели дека е против менување на уставното име на Македонија.

Новото име, според Виножито, е лошо, бидејќи директно имплицира поделена територија. Од партијата велат дека никаква уцена не може да ја поништи демократската волја на македонскиот народ изразена пред 27 години.

„Но, задоволни сме што граѓаните на Република Македонија ќе го имаат последниот збор на референдум”, се наведува во соопштението.

alt

Од Винижито додаваат дека договорот е некомплетен, бидејќи географските одредници во официјалните имиња на државите во светот се злоупотребуваат во националистичката реторика и слични деструктивни политики.

Во договорот како позитивно се оценува зачувувањето на македонскиот јазик и националноста, но уставните амандмани се очаен напор на властите во Грција да ги „разделат” Македонците во Република Македонија и оние надвор од нејзините граници, односно во Грција, повикувајќи се на антиката, со која сегашните Грци имаат иста врска како и сегашните Македонци, а тоа е апсолутна никаква.

Од Виножито потсетуваат дека тие дејствуваат како грчки граѓани кои бараат демократизација на државата преку признавање на нивните малцински права.

„Само така нашата земја ќе стане европска демократија и овој договор ќе биде целосен. Додека тоа не се случи, македонското малцинство ќе ја продолжи својата борба заедно со другите малцинства и со вистинските демокрари во државата”, пишува во соопштението.

Виножито во текстот уште напоменува дека договорот за решавање на името е потпишан во Нивици/Псарадес, село во кое македонските политички бегалци не можат да се вратат достоинствено.

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/vinozhito-nie-sme-protiv-menuvanje-na-ustavnoto-ime-novoto-ime-e-losho

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.