Среда, 20 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Ништо не е готово
alt

Цуцуловски: Ништо не е готово, колку и да се смета дека е готово

Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми, иако изгледа дека работата е завршена со договорот Заев-Ципрас за преименување на државата.

„ДОПРВА СЛЕДИ… Претседателот Ѓорѓе Иванов е дециден. Нема намера да го потпише Договорот со Грција. Од друга страна, претседателот (според Уставот) д о л ж е н е да го потпише, ако тој и по вторпат помине во Собранието или на референдум. Меѓутоа, ако некој е должен нешто да направи не следи дека тоа и ќе го направи. На пример, секој вработен е должен навреме да доаѓа и да си оди од работното место. Инаку, следаат санкции. Но, тоа не значи дека секој вработен така ќе постапува. Истото е и со Претседателот на Државата. Во случајов, би следела негова политичка одговорност, односно гласање за недоверба/импичмент. За да се изгласа недоверба потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Тоа може да се постигне само ако опозицијата се приклучи кон парламентарното мнозинство или ако дел од опозицијата премине на страната на парламентарното мнозинство. Во тој случај следи: (1) Дека опозицијата, или дел од нејзините пратеници, не се искрени кога децидно тврдат дека се против Договорот и промената на името и (2) Ако се изгласа недоверба на Претседателот на Државата, ќе мора (покрај референдумот) да се организираат и предвремени претседателски избори. Исто така, не е извесно дали нема да дојде и до предвремени парламентарни избори. Како што е неизвесно и…

Според тоа, ништо не е готово, колку и да се смета дека е готово и, од друга страна, граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми“, напиша Цуцуловски на својот профил на „Фејсбук“.

https://republika.mk/929698

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.