Четврток, 21 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Освен претседателот г. Ѓорге Иванов никој на дело и отворено не му застана на патот на ова зло
28782966 590640307960361 4376535889488217525 nНеброени се жртвите кои македонскиот народ ги положил во многувековната борба за слобода и независност на нашата татковина Македонија. Речиси и да не постои македонско семејство, кое како скапоцено семејно богатство, по пат на предание, не го чува споменот за некој свој близок или далечен роднина кој храбро и сесрдно се борел за национално ослободување на македонскиот народ и за формирање на самостојна македонска држава, притоа свесно нарушувајќи го своето здравје и предвреме прекинувајќи ја својата младост.
Деновиве, токму врз гробовите на тие наши Великани, неколкумина „платени послушници“ згазија со двете нозе и сето тоа бесрамно се обидуваат да ни го претстават како некаква победа и залог за посветла иднина.
Договорот со грчката влада не е ништо друго освен безрезервна капитулација и обично предавство на македонските национални интереси.
Со потписот, врз овој срамен договор, се откажуваме од сè што е македонско, од целата наша македонска историја и од сета наша неизживеана иднина.
Договорот предвидува промена на уставното име на државата и преку тоа постепена промена на идентитетот на македонскиот народ.
Меѓу редови од овој договор се чита дека единствено Грците имаат „ексклузивно“ право за користење на терминот Македонија, а ние сме нечија романтична измислица, случајно настаната дури после Втората светска војна.
Ние ќе имаме можност нечујно и тивко да го спомнуваме овој термин единствено зад затворени врати, слично како нашите предци после Балканските војни, а доколку јавно некако и ни излета од уста, ќе треба со извинување да објасниме дека тоа е термин од хеленската култура.
Се откажуваме и од користење на древните симболи на Македонците и воедно ќе ги отстрануваме од јавните места. И како капак на сè, ќе треба да ги известиме сите оние кои трпеле разни притисоци, а нè признале под уставното име, дека досега сме биле збунети и само сме терале инает на „добрите“ Грци, кои во овој случај се само обични жртви.
Тажно и катастрофално!
Ваков суптилен геноцид на еден народ светот досега нема видено. Нашите „наивци“, со сериозен израз на лицето, победнички објавуваат дека успеале да го вметнат македонскиот јазик во договорот, но тоа е китење со „туѓи перја“, бидејќи македонскиот јазик и македонскиот народ е прифатен во Обединетите нации уште во седумдесетите години. Оваа победа е заслуга на некои други наши умни и способни дипломати, а не на овие кои стопроцентно ги прифаќаат антицивилизациските грчките фашистички позиции.
Овој договор не е плод на некаква дипломатска вештина и умешност, бидејќи сум сигурен дека и еден обичен човек, со основни патриотски чувства, ќе испреговараше подостоинствени позиции отколку овие кои ни ги спакуваа денешните „умислени величини“.
Паралелно со потпишувањето на договорот за самоукинување на македонскиот народ, на сите страни и на сите општествени полиња, се води оркестрирана медиумска битка за негово оправдување. Се води перфектна хајка за контролирање и разнебитување на незадоволството на македонскиот народ, во која, покрај врвните македонски интелектуалци, се вклучени и дел од политичарите кои себе си се доживуваат како некаква опозиција.
Освен македонскиот претседател г. Ѓорге Иванов никој на дело и отворено не му застана на патот на ова зло, кое има за цел комплетно да се прошири и да навлезе во сите пори на општественото живеење.
Единствено г. Иванов е константен во своите ставови, сите други едно зборувале пред една година, а на друг начин постапуваат во сегашноста.
Но, тоа нека не нè плаши и вознемирува, бидејќи сепак клучот е во нас. Тие можат слободно да смислуваат секакви бесмислици и во бездна да го туркаат народот, но без нашата народна поддршка ќе бидат кимвал што ѕвечи и ќе се престорат во само еден обичен, неодреден и продорен звук кој случајно ќе го наруши нашиот слух, но ќе нема сила комплетно да го обземе и уништи неговото здравје.
Овој народ истрпел низ вековите разни предавства и страшни неправди, па ќе ги издржи и овие налети на нечесните и лукавите. Од својата утроба македонскиот народ родил и ќе породи достоинствени и смели водачи, на кои и во престојните илјада години ќе се угледува и ќе им се восхитува.
Овие што за грст србреници му ја продаваат душата на нечестивиот ќе останат засекогаш запаметени како одродници на својот народ, како лоша дамка од нашата болна и тешка историја.
На македонскиот народ ништо друго не му преостанува освен самиот да се организира и да се заштити од налетот на уништувањето. Надевајќи се во Божјата милост и благодат, која од апостол Павле до денеска не престанала да ги грее и облагородува македонските срца, ќе успееме да ги пребродиме и денешните неволји и искушенија. Нивна идеја е својот срам и неспособност да го прикријат со народот, па затоа ќе го измислат секое лукавство за да нè вклучат и нас во нивните итроштини.
На едната страна сме ние, а на другата се тие, фатени рака под рака, со опскурните и суетни сили на овој свет кој не признава никаква друга вредност освен гнилежниот профит и краткотрајната лажна благосостојба.
Ние, Македонците, кои од памтивек го носиме своето свето име, со Божја помош ќе истраеме во слободата и во борбата за обзнанување на вистината. Се лажат сите оние кои го потценуваат моралот и самосвесноста на народот.
Непријатно ќе се изненадат и ќе се сопнат пред македонската решителност во истерување на правдата. Македонија била, е и ќе биде наша единствена татковина.
Бог да ја благослови Македонија и нека го чува од секакво зло напатениот македонски народ.
Митрополит Повардарски
†Агатангел (Станковски)
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.