|
||||
Најди си други граѓани да им продаваш пуфки, Македонците имаат мозок! |
Каракамишева до Заев:Не така Црпко, не сме чекор до ЕУ, биди вистински реалист, ние веќе сме во ЕУ!Дај симни тоа црните очила и види ги поубаво и пореално среќните и економски задоволни граѓани на “твојата” држава, види среќни луѓе со минимална плата од 500 евра, види среќни млади кои туку што се вратија во својата земја благодарејќи на твоите успешни политики, види пресреќни пензионери со покачени пензии, види презадоволни наставници и професори кои уживаат во благодетите што им ги пружи твојата влада, види слободни медиуми и слободно мислечки новинари кои информираат најобјективно и без самоцензура, види пресреќни доктори кои немаат намера да го напуштат јавното здравство откако ти им даде 100.000 денари плата, види презадоволни пензионери кои не знаат што да прават со покачените пензии, види најсреќни земјоделци на кои им се прелеваат огромните субвенции дадени од твојата влада, види пресреќни криминалци кои се свесни дека мора да си го одлежат незаконското поведение и дејствување, види презадоволни судии и обвинители кои инстант сфатија што се очекува од нив и како треба да работат, ВИДИ ГИ ПОУБАВО СИТЕ И ПОСЛЕ ТРЕСИ ГЛУПОСТИ!!! А за другите лицемери кои те поддржуваат во уништувањето на Македонија, заедно со нивните ГАЧКИ за реформи и приказни за имбецили навистина НАЈДИ СИ ДРУГИ ГРАЃАНИ ДА ИМ ПРОДАВАШ ПУФКИ! МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ МОЗОК!!! Пишува Тања Каракамишева на Фејсбук Претходно, премиерот Зоран Заев на прес-конференција по повод Извештајот на Европската Комисија, истакна: „Денеска сме чекор поблиску до членство во Европската Унија и до достигнување на економските стандарди на Европската Унија“ и дека „сакаме за брзо време да го решиме овој спор и за навек да го затвориме и ова прашање“. (прочитајте ТУКА) |