Недела, 24 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ

altЈанушев: Нападнат е штабот на ВМРО-ДПМНЕ, ова е напад врз сите оние кои ги штитат македонските национални интереси

Вечерва беше нападнат и каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. о ова на вонредна прес-конференција излезе генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Вечерва беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Нападот на штабот на партијата е акт на насилство и вандализам, но и напад врз сите оние кои ги штитат македонските национални интереси. Индициите говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта, по принципот на шарената револуција. На што го темелиме ваквото убедување? Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство, како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев во договорот со името. Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би било оцрнето. Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред Собранието, каде, за жал, колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца. Тоа е целта и на вечерашниот напад за кој многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволниците од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта. ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем, на сето ова претходела и средба во едно од скопските кафулиња, каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие при што биле стимулирани да предизвикаат насилство. Ова е вистинското диктаторско лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата и судството и сите механизми да го спречи ова и да ги открие сторителите. Ова е сериозен удар на демократијата. Ова е сериозен удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад. Овој начин на функционирање е претпознатлив само во афричките диктатури. Ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата. Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власта – рече Јанушев.

alt

Тој се обрати до оние, кои, како што рече јалово се надеваат дека ќе го втурне ВМРО-ДПМНЕ во сценарио од кое бенефит би имале само оние кои, како што изјави, ја распродаваат државата на економски и политички план:

alt

Ние сме ВМРО и треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос на договорот за името. Овој чин не прави поупорни и похрабри да истраеме да се спротивставиме на овој договор со сите демократски средства. Повикуваме сите членови да се воздржат од било какви провокации на власта. Ваквите сценарија покажуваат дека Зоран Заев ја губи контролата и поддршката од граѓаните. Ќе истраеме, ќе истраеме затоа што имаме план. Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи и предупредуваме дека како партија која го има најголемото членство, во иднина ќе бидеме приморани да се самороганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право. Уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова и за многу други работи, за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната дрќава. Ако некој се сомневаше сега мора да биде сигурен дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара,а Македонија ќе победи.

https://republika.mk/930957

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.