Среда, 27 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Заев е сериозна закана по Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладанаВМРО-ДПМНЕ: Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев ја разорува државата повеќе од една година.

Зоран Заев е сериозна закана по Република Македонија, која мора да биде совладана, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Срамниот капитулантски договор со кој се откажа од името Република Македонија и се што е македонско го правдаше со добивање на датум за преговори само за да ги прикрие сите криминални тендери и зделки. ЕУ вчера јасно ни даде до знаење дека капитулантските политики на Заев не не придвижуваат ни милиметар на патот кон истата. Членството во ЕУ бара работа и посветеност, а не трговија со државните интереси. Република Македонија има потреба од реформи, а не од штетни договори.

Зоран Заев е човекот кој трајно ги наруши македонските позиции.

Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот на сопствената држава, бришење на идентитетот и јазикот.

Зоран Заев е човекот кој сака да ги искине корените на сопствениот народ и истото да го претстави како голем успех и бенефит, се наведува во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека Зоран Заев ја разорува државата повеќе од една година.

-Откако Зоран Заев е на власт државата оди назад.

Повеќе од една година е испуштена, период во кој можеа да се направат реформи кои навистина и се нужни на државата, како за членство во ЕУ, така и за самата себе. Зоран Заев е човекот кој прокоцка повеќе од една година од животот на граѓаните.

Зоран Заев е човекот кој прокоцка една година од иднината на Република Македонија.

Зоран Заев е човекот кој го наруши угледот на државата до незамисливи граници. ЕУ даде јасна порака. Република Македонија има потреба од деполитизирани институции, слободно судство и функционален правен систем. Република Македонија има потреба од реални мерки и проекти кои носат подобар живот, а не од штетни договори.

Зоран Заев е зло кое веќе премногу ги чини граѓаните и државата.

Зоран Заев е зло кое ја уништува државата.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат за Македонија да тргне напред. Македонија може и ќе победи, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-e-seriozna-zakana-po-republika-makedonija-koja-mora-da-bide-sovladana/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.