|
||||
Без промена на името нема НАТО |
Столтенберг: Без финализирање на договорот не можете да влезете во НАТОГенералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев топло го поздрави договорот за спорот со името. Тој му честиташе на премиерот Заев на личното лидерство и за храброста да се постигне ваков договор. -Проблемот со името фрли сенка за предолго време на регионот, сега имаме шанса за подобра иднина. Договорот служи пример за останатите за тоа како да се консолидира мирот и стабилноста. Очекувам на самитот за две недели да бидете поканети на разговори за пристапување, а по финализирање на договорот, да влезете во НАТО. Без финализирање, не можете да го сторите тоа. Вратата на НАТО е отворена, не ја испуштајте оваа можност, рече Столтенберг. Тој рече дека разговарал со претседателот Иванов, но дека тој не се меша во внатрешните прашања на државата. Според Столтенберг, велгувањето во НАТО може да се одвива многу брзо, но повторно нагласи дека мора да се направат потребните промени во Уставот. -Навистина се надевам дека народот на вашата земја ја гледа оваа историска можност. Ако оваа можност се одбие, тогаш тешко е да се замисли кога ќе бидете толку блиску до НАТО. Останува луѓето да одлучат, рече генералниот секретар на НАТО. Превземено од:https://kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-bez-finaliziranje-na-dogovorot-ne-mozete-da-vlezete-vo-nato/ |