Петок, 29 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонците имаат право да се борат
alt

Поранешниот австриски амбасадор: Ако го принудат Иванов да попушти, мултиетничка Македонија ќе се подели

Суштината на платформата од Тирана е создавање бинационална држава, чија крајна цел е отцепување на деловите каде што живее албанско население, вели во опширна и детална анализа за интернет-порталот „Вишеград пост“ поранешниот австриски амбасадор во Македонија, Харалд Kочи. Ексамбасадорот (од 1997 до 2002 година) во дипломатските кругови важи за голем познавач на актуелните состојби во сегашна Македонија, но и на историските факти и нивните импликации денес.

Уште на почетокот на анализата Kочи поентира зошто Македонија се најде во ваква ситуација.

– САД и нивните делегирани агенти во Брисел, како и НАТО и ОБСЕ, две децении се мешаат во домашните работи на оваа суверена држава – на локално ниво преку своите амбасадори или директно од своите градови – и затоа со право може да бидат наречени „квазиводачи“ во земјата. Поткрепена со ваквите мешања, долготрајната политичка криза во Република Македонија се приближува до кулминација и секоја минута може да прерасне во насилни судири. Па така, во ситуација кога Собранието се свикува нелегално – по интервенција од надвор, за да се искористи новото мнозинство за избор на влада, со исклучување на претседателот на државата – на неуставен начин – алармот свети! – предупредува Kочи во првите редови од анализата.

Според него, „тивките“ советници од надвор сакаат да го принудат Ѓорге Иванов да именува коалициска влада составена од етнички македонската Социјалдемократската партија и сите партии на етничките Албанци.

– Ова ќе биде чекор кон поделба на мултиетничката земја и тоа по должината на нејзините јазични граници – потенцира дипломатот.

„Мирните протести наспроти ланските хулигански демонстрации“

Понатаму во текстот, Kочи прави споредба на актуелните протести за кои вели дека се мирни и достоинствени, за разлика од протестите „на хулиганските демонстрации од претходната година поттикнати од Соросовата мрежа, кои оставија зад себе штета на јавните објекти видлива и денеска“.

– Денешните протести или се игнорирани од меѓународните мејнстрим-медиуми или не ја пренесуваат вистината за протестите – пишува тој.

Осврнувајќи се на етничкиот состав на Македонија, за да ги запознае читателите на неговата анализа со фактичката состојба, Kочи посочува дека најголемото малцинство во земјата се Албанците, кои, според последниот попис, се 25 проценти – бројка во која тој се сомнева.

– Денес, бројот на албанската заедница е контроверзен. Според официјалните бројки, таа е 25 отсто од вкупниот број на населението, но пописот од 2002 година, врз кој се заснова оваа бројка, најверојатно, е спроведен со многу нерегуларности – нагласува тој.

Според поранешниот амбасадор, пописот бил спроведен во т.н. Потемкинов стил, односно одредени македонски села со години празни биле претставени како полни со живот, за да се изманипулира со конечната бројка на албанско население, и сето тоа, како што вели, потпомогнато од „Албанците од Kосово, кои играа улога на станбено население во Македонија“. Одложувањето нов попис, од 2012 година наваму, вели Kочи, е поради албанските политички фактори што не ја сакаат на виделина вистинската слика.

– Тешко дека бројот на албанските жители е повеќе од 15-16 проценти, како што може да се види според податоците содржани во документација на фондот за осигурување, МВР, центрите за социјални работи… – додава поранешниот амбасадор.

„За албанското население, Македонија не е матична држава“

Според него, Албанците во Македонија не се чувствуваат како граѓани на оваа држава, ниту ја ценат како матична, тоа за нив се Kосово и Албанија, и поради тоа, вели Kочи, уште од 1991 година нивната цел е отцепување на деловите од земјата каде што тие живеат.

– Поради тоа Македонија е спречена да се развива во мир. Степенот на лојалноста на Албанците кон Македонија се гледа во фактот што во целото албанско говорно подрачје само албанското знаме е истакнато на јавните објекти, улиците и јавните места – нагласува дипломатот.

Тој оценува дека Албанците во Македонија се највисоко на скалите и во позиција да ја движат играта, кога, како што вели, на нивната партнерска страна е лидерот на СДСМ, Зоран Заев – за кого Kочи нема високо мислење.

– Овој човек е управуван од страна по само еден мотив – неговата лакомост да ја врати својата партија на врвот по повеќе од 10 години, за која цел е подготвен дури е да му ја продаде душата на ѓаволот. Со активно учество на „квазиводачите“ тој работеше на договор за коалиција со сите партии на етничките Албанци, со цел да стигнат до парламентарно мнозинство. Неговото јадро е спроведувањето на „Платформата на Тирана“ – вели Kочи.

Тој додава дека судејќи според содржината на платформата, нејзината цел е создавање бинационална држава од Македонија. Во таа насока ги критикува двојните стандарди на Европската Унија, според која е незначително кога шеф на друга влада, во случајот Еди Рама, се меша во внатрешните работи на држава што не е членка на ЕУ, а кога турски политичари прават кампањи на нејзина територија, тоа ја вознемирува.

Kон крајот на анализата Kочи потврдува дека позадината на крајната цел на тиранската платформа е Џорџ Сорос и не предвидува лесна и безболна завршница на голготата.

Македонците имаат право да се борат

Во насока на изразување поддршка на актуелните протести за отфрлање на тиранската платформа, Kочи посочува еден цитат кажан пред околу четвртина век од еден од најуспешните германски писатели и драматурзи, Бото Штрауз.
– Штрауз пишува есеј, објавен во „Дер шпигел“, кој содржи една реченица што оттогаш стана политички некоректна: „Денес, ние веќе не разбираме дека некој во Таџикистан смета оти е политичка мисија да го зачува својот јазик, на ист начин како што ние ги зачувуваме нашите реки и езера. Ние веќе не разбираме дека една нација сака да наметне свој морален кодекс против тој на другите, и е подготвена да даде жртва преку крв за таа цел. Тоа е нашата либерално-слободарска самодоволност што н` тера да мислиме дека таквиот став е лажен и за осуда“. Ако се замени Таџикистан со „Македонија“  и „морален код“ со „држава“, добивме објаснување зошто Македонците се подготвени да се борат за својата земја – завршува Kочи.

Децениска амбасадорска кариера

Харалд Kочи бил вработен во австриското министерство за надворешни работи од 1973 до 2011 година, и освен горенаведениот период на дипломатска мисија во Скопје, тој бил на оваа положба и во Северна и Јужна Америка, заменик-шеф на мисијата на австриската амбасада во поранешна Југославија.
Покрај дипломатските мисии, бил и набљудувач на ОБСЕ во Kосово во 1993 година.

https://republika.mk/758650

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.