|
||||
Да ми простите, ама тежок сме народ |
НАЈПОСЛЕ ЕТИМОЛОГИЈАТА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА Ова е секако за нас Македонците најинтересно. Читајте многу, многу трпеливо. Древна Македонија била поделена на Горна и Долна Македонија. Едно од најстарите имиња за Македонија е Ематија (Иматија) (југо-западно) (Дотука преземено од Katičić Radoslav. 1976. Ancient Languages of the Balkans. Според мене, а контроверзно би било можеби, името Иматија доаѓа од и.е. *hem- ‘има’ значи ‘обилна, богата земја’. Ова го заклучувам врз основа на бругаскиот материјал. Според сè што сум проучувал не е исклучено за Горна Македонија името да е Бригија. По никаков редослед: 1. Грчката и омилена западњачка теорија е дека Македонија доаѓа од македнос што значи ‘висок’. Малку за смеење, наводно дека биле високи луѓе (?!). Има и варијанта Макетос, и Макутија која пак Грците ја изведуваат од грчки макрос ‘долг’ или латински macer ‘слаб’ (ова е веќе за смеење). Впрочем грчкото khthṓn ‘земја’ не може да лежи во македонската форма. 2. Некои дури сметаат дека името Македонија е неиндоевропско, остаток од најстарото население на Балканот (пред најмалку 5000 години). Еминентниот индоевропеист Robert Beekes ја застапува оваа теза. Дури и најконтроверзно, некои од балканизмите може доаѓаат од таму. 3. Една можност е од бригиската божица Гдан Ма ‘мајка земја’. Со метатеза *Ма-гдан. 4. Според некои мои многу резервирани и контроверзни разбирања, може да е и од индоевропскиот корен *maĝ- ‘притиска, збива’, значи ‘збиена’. Бругаскиот материјал го сугерира тоа. Има и една слаба варијанта дека Македонија е од збор што значи ‘средишен, централен’. 5. Според нашиот народ, по народна етимологија, Македонија доаѓа од мака создадена. Македонија е славна земја, грандиозна тоа веќе го знаете, неповторлива, а во сојуз со Бригите е непобедлива, нескршлива, што би рекле пиреј... Е сега курсот заврши, останаа Грците за објаснување, не дека не можам, ама кога ќе си го обелат образот. Илија Ќашуле |