|
||||
Спскиот патријарх Иринеј му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит |
Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе и помогнеме на цркватаПроцесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија е нешто во кое вреди да се вложи, смета бугарскиот патријарх Неофит и се надева дека со божја помош ќе биде поддржан овој процес. Неофит кој денеска учествуваше на свечена литургија по повод празникот Света Марина, што се одржа во истоимениот храм во Софија, на прашањето како во Вселенската патријаршија ќе биде поддржан процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, изјави дека БПЦ има добра намера. „Ќе го молам Бог да биде нашиот помошник во оваа добра намера. Ние ги сакаме браќата Македонци и со нив ќе бидеме радосни и среќни. Со божја помош ќе го поддржиме процесот на признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.“ - вели Неофит. За иницијативата на МПЦ-ОА, да побара признавање на нејзината автокефалност од страна БПЦ, пред извесен период, писмена комуникација размениле Српската и Бугарската православна црква. Во писмото што во медиумите беше објавено пред три дена, СПЦ изразува запрепастеност од тоа што Синодот на Бугарската Православна Црква ги информирал српските владици за преземената иницијатива. Истовремено, преку ова писмо српскиот патријарх Иринеј отворено му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит дека преземените чекори на БПЦ можат да се одразат негативно на нивните меѓусебни односи. Анита Буховски https://www.24.mk/neofit-gi-sakame-brakjata-makedonci-so-bozhja-pomosh-kje-i-pomogneme-na-crkvata |