Вторник, 17 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Во Македонија е ризично да си Македонец!
alt

Македонски манифест: Во Македонија е ризично да си Македонец!

Јавно обраќање до Владата и пратениците – Македонци на владеачката коалиција по повод повторното изгласување на геноцидниот договор со Грција и изрекувањето на затворски казни во случајот „Села“.

„Премиере Заев, останати членови на Владата и пратеници – Македонци на владеачката коалиција, повторно го изгласавте, нацифашистички ладнокрвно, без око да ви трепне, геноцидниот за Македонија и Македонците договор со Грција за менување на нашето исконско, генеричко Име и со ред други погубни клаузули за македонскиот идентитетски и државен суверенитет. Со повторното изгласување уште еднаш потврдивте дека сте предавници на родот од најдолен вид, обезбедувајќи си, парадоксално, дури историска меморија, затоа што овој народ и како такви ќе ве памети со столетија. Оти злото не се заборава, посебно таквото какво што е вашето, ликвидаторски, геноцидно, монструозно до бескрај, каква што е и вашата мефистофелска, демонска душа. Веќем сте налепени и по плакати низ Скопје и низ цела Македонија со име и со презиме за подобро да бидете, иако тоа буди нагон за повраќање, втиснати во меморијата на чесниот и здравиот со ум и душа македонски народ, кој веќе ви го колне со арам и лебот што ви го дава од неговиот труд и пот да го јадете додека го водите на губилиште, додека му го гаснете исконскиот оган во пепел и го ставете во мртовечка урна. Вие, најдолни отпадници од родот.

Тоа е прво. Второто за што Македонски манифест ви се обраќа јавно е изрекувањето на затворските казни за осудените во таканаречениот случај “Села“ од настаните на 27ми април минатата година во кој беа прогласени за терористи и судени за тероризам, покрај другите, и неколку еминентни уметници, иако ни со прст не допреле некого во општата турканица во Парламентот, а камоли да удриле или отепале. Со тоа вие, Премиере, и останатите од вашиот тим, заедно и со вашите коалициски пратеници – Македонци заведовте психолошки терор на страв кај и така од сите страни, те од меѓународни, те од соседни и внатрешни, потиснатиот и перманентно заплашуван мирољубив македонски народ. Се промовиравте во страховлада и тоа сте и денес. И случајот со осудените за случајот “Села“ јасно го покажува тоа. Енормни затворски казни за еден навистина немил инцидент, но ни оддалеку со таква тежина за изрекување на такви сурови казни од по 13 години затвор за тепачка во која настрада Села. На осудените им е накалемен од обвинителството мотив за убиство, иако никој од нив не носел оружје, нити го убиле Села, кој по кусо време излезе од болница здрав и прав како кукурек.

Но болниот парадокс, Премиере Заев, е во тоа што главниот и психолошки и секаков друг вид на енормен притисок се врши врз мнозинскиот народ, Македонците, и тоа со сурови методи на некои диктаторски африкански, или латино американски режим. И така Македонците се осудуваат однапред дури и невини (Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски…) како терористи, што е ваш “демократски“ и “цивилизациски“ изум, Премиере, а од друга страна вистинските терористи -убијци од едно енормно агресивно малцинство поддржано од структурите на ЦИА и НАТО, како убијците од Смилковско езеро се пуштаат на слобода. Како што им се даде беневолентно слобода и на терористите од таканаречените “Хашки случаи“, кои вежбаа описменување со крвави ками врз кожата на Македонците. За да биде, пак, парадоксот уште поголем, некои од нив заедно и со останатите терористи од 2001, иако по директива на Брисел, Вашингтон и НАТО, беа доведени на високи позиции во власта и Парламентот на Република Македонија. Меѓу нив сега најмаркантен е и сегашниот спикер на Собранието Талат Џафери. И се е тоа еден перфидно замислен проект од странските наци-служби и од домашните македонски квислинзи, Премиере, каква што е имено вашата Влада на чело со вас и вашите коалициски пратеници – Македонци. И, ако не ви е јасно зошто сме нацелени само кон Македонците предавници ви одговараме. Затоа, Премиере, што станува пред се збор за одбрана на македонските национални интереси и државен суверенитет, Име и идентитет, кои веќем и пред вас безмалку веќе три децении се уриваат, а сега со вас, вашата коалициска влада и пратеници тоа уривање оди до нивото на целосно идентитетска смрт на македонскиот колектив што сте му ја замислиле, охрабрени покрај од домашните и од меѓународните гробари на Македонија. Вие, злосторници, какви што ве родил овој народ за жал и по грешка во текот на неговото долго неколкумилениумско постоење во своето Име, дух и култура. И наеднаш вие како со гума бришете се. Некое страшно, не само морално, туку и ментално пореметување кај сите вас што ве прави во оваа и ваква ситуација и морални и ментални инвалиди. Она, имено, што сакате да му го накалемите на македонскиот народ со родољубива, но и со отсекогаш космополитска душа, отворена, како што пееше и Рацин, со срцето кон целиот свет.

Тоа, Премиере, Владо, коалициски пратеници – Македонци, предавници и родомразачи, егоисти што размислувате само со цревата и подолу од нив, а не со бистар и морален ум. И досега, посебно почнувајќи од 1990 наваму беше енормно стигматизирано и идиотски притиснато македонското колективно битие, но со вас таа стигматизација и притисок го добија својот финален, геноциден, фашистички карактер. Вие конечно дадовте на знаење дека во Македонија, имено, е ризично да си Македонец. Најризично. Благодарение на вас и на таквите како вас, патолошкото, болното ткиво, дивото месо на овој народ!“ пишуваат „Македонски манифест“.

https://republika.mk/939756

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.