|
||||
Македонија треба да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми |
ЕУ е замислена како заедничка татковина на европските народиСакаме да влеземе во Европа, да бидеме дел од европското семејство, да бидеме дел од единствениот европски простор без внатрешни граници и да бидеме еден од еднаквите народи. Така барем ни е прикажана и така ја замислуваме. Всушност тоа беше и целта на европјаните кои мечтаеа за заедничка татковина. Евроската унија требаше да ги испегла разликите помеѓу луѓето од северот и југот, истокот и западот. Во вака замислената Европа секој требаше да добие еднаква шанса. За жал, од самото формирање кога шест земји, Франција, Западна Германија, Белгија, Италија, Холандија и Луксембург ја создадоа Европска заедница, па до денес кога таа има 28 членки, поедини малцинства немаат никакви права или имаат помали права за разлика од мнозинските народи. Се создаде клима дека малцинствата кои заради економски или историските околности се нашле надвор од своите матични заедници, се криви за сите проблеми со кои се соочуваше мнозинското население. Се градат зидови према етнички заедници, малцинства и верски заедници. Сепак треба да се напомене дека не секаде се градат бетонски зидови за раздвојување, но бариерите постојат во главите на европјаните. Проширувањето на ЕУ отвори многу горливи прашања на малцинските заедници, кои дотогаш беа пригушени. Се отворија териториторијални прашања, а аспирациите на поедини земји се зголемија. На ваквите барања, некои засегнати земји на пример Грција, се обидува да се најде начин како да се реши од Македонците и Албанците. Некои пак инсистираат да се воведат закони со кои сите жители на државата, без разлика на националната или етничката припадност мораат да го користат официјалниот јазик, во спротивно би морале да платат драконски парични казни. Балтичките земји пак сакаат да се решат од советското наследство, притоа заборавајќи на правата на етничките заедници. ЕУ засега не успева да изнајде решение за соспствените проблеми, а не да решава нови. Отука не треба да не чуди нејзиниот однос кон Македонија од која бара најпрво да го реши спорот со Грците пред да стане членка на ЕУ.. Но зачудува фактот што ЕУ своите забелешки ги насочува кон нас наместо кон Грција, која како нејзина членка ги крши сите договори и норми на меѓународното право. Македонија не поставува зидови, со кои би ги двоела другите етнички заедници. Тргнувајќи од меѓуетничките односи, ако Македонија релативно успешно, врз основа на стекнатото искуство низ историјата, ги надминува сите меѓуетнички и меѓурелигиски проблеми, тогаш Македонија треба да и биде пример на ЕУ како таа да ги надмине сопствените проблеми. Македонска нација |