Петок, 20 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Спогодба за уништување на македонската нација

image002АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY

Спогодба за уништување на македонската нација

До:Ѓорѓе Иванов,

Претседател на Република Македонија

20 јули 2018

Предмет: Спогодба за уништување на македонската нација

Почитувани претседателе Иванов,

Сведоци сме на уште една уцена од ОН, ЕУ, НАТО и Грција и свесни сме кои се интересите на двајцата наши политичари кои потпишаа спогодба со која се доведува нашата нација на самоуништување.

Претседателе Иванов, како и што изјавивте, оваа спогодба не е ратификована во согласност со Уставот и ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост спрема Република Грција и поради тоа ние и целата Дијаспора бара да се поднесе кривична постапка против Заев и Димитров за нарушување угледот на македонскиот народ и државата Република Македонија. Тие со спогодбата (од наше име) се откажаа од се што е македонско: името, идентитетот и јазикот; се откажаа од Македонците кои живеат во поробените делови на Македонија; се откажаа од Дијаспората; се откажаа од македонското историско и културно наследство; се откажаа од државата и суверенитетот.

Таканаречениот договор (кој е шовенистичко-нацистички) се насочува дека ние никогаш не сме биле Македонци и дека нашата македонска нација била вештачки креирана, па сега „благодарение“ на Атињаните ние се „освестивме“, ќе им ги предадеме сите национални обележја и ќе постанеме само „граѓани“ на некоја европска провинција така наречена Северна Македонија. Ова за нас Македонците е големо понижување.

Жалосно, Собранието раководено од Џафери, лице кое никогаш не го почитувал Уставот на Република Македонија, ја ратификува спогодбата и со претење до вас и сите Македонци сака да го промени и Уставот само да се дојде до единствената цел - уништување на македонската нација.

Господине Иванов, ова е капитулантски договор. Не ни е потребно да пристапиме во ЕУ и зачленување во НАТО кога се бара од македонскиот народ самоуништување како држава  и  како народ. Ја подржуваме вашата одлука да не го потпишувате овој предавнички договор и продолжете да ги штитите нашите национални интереси.

Од името на членовите на АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ-AUSTRALIAN MACEDONIAN THEATRE OF SYDNEY

Никола Апостоловски

(Благајник)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.