|
||||
Коњаница Бигорски Манастир патот на Црешовото Топче |
Коњаницата на Здружението на граѓани Бигорски Манастир патот на Црешовото Топче во периодот од 26.07.2018 до 02.08.2018 г. организира Илинденски марш тргнувајќи од с. Зубовце-с.Тумчевиште, Гостивар до Манастирот Св. Јован Бигорски, Јанче, Галичник, планина Бистра, Кичево, Врањешница, Цер на пат за Крушево, како манифестација која веќе 9 години традиционално се одржува секоја година во чест на националниот и државен празник Илинден на 2 август. Агендата на движење на коњаницата: 26.07.2018 Четврток: 8,30ч. Посета на гробиштата во с. Зубовце. 10.30ч. Коњаницата пристигнува во с. Тумчевиште 13.00ч. Посета на гробиштата во Гостивар. 14.30ч. - Благослов на коњаниците во црквата „Св. Богородица“ во Гостивар 16,00ч. Од кај градскиот стадион во Гостивар коњаниците одат за Манастирот св. Јован Бигорски. 27.07.2013 Петок: 10.00 ч. Бигорски Манастир - Литургија ,Благослов и Заклетва. 11.00ч. Коњаницата по благословот од Игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот отец Партениј тргнува на пат за Јанче. 12,00ч. Пристигнување во с. Јанче, коњаницата од с.Јанче патува кон с.Галичник. 13.30ч. пристигнување во с.Галичник. 15.30ч. Коњаницата од селска ливада во Галичник тргнува за бачило Салтаница. 20.00ч. Пристигнување на коњаницата во бачило Салтаница. 28.07.2013 Сабота: 07.00ч. Тргнување на коњаницата од бачило Салтаница и патува покрај бачилото Сулумуница. 11.00ч. пристигање на бачило Раштанец, по мала пауза коњаницата тргнува кон Кнежињо. 16.00ч. Пристигнување во Манастирот - Кнежино. 29.07.2013 Недела: 08.00ч. Тргнување од Манастирот во Кнежињо кон Крушино. 10.00ч. Пристигнување во Крушино. 11.00ч. Коњаницата влегува во Кичево на раскрсница кај борова шума -Коњаницата се упатува кон црквата во Кичево..Коњаницата после благословот од црквата се упатува кон с. Врањешница. 12.00ч. Коњаницата се упатува спрема општа болница во Кичево и излага на магистрален пат за с. Србјани. Коњаницата се упатува по селскиот пат Станојеци . 14.30ч. коњаницата влегува во с. Врањешница во црква СВ Илија. 30.07.2013 понеделник: 11.00ч. Коњаницата тргнува за пат на кај Цер.- По патот за сел Цер коњаницата поминува низ кладник и месноста поникава и с. Црцко. 15.00ч. пристигнување во с Цер. 31.07.2013 вторник: 9.00ч. Коњаницата од с.Цер по патот за Крушево поминува низ с. Пуста Река покрај С, Долно Дивјанци и покрај Арилево 14,30ч. пристигнуване на езерото во Крушево -кампот на коњаницата Бигорски Манастир патот на црешовото топче. Коњаницата СВ ЈОВАН БИГОРСКИ ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ по девети пат ќе учествува на прославата 10 дена КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА. Нека им е лесен патот низ македонските планини до Крушево- Мечкин Камен! Амин! |