Сабота, 28 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Кога СДСМ ќе замине, ќе се спроведе правдата и Македонија ќе победи!
alt

Заев се откажа од името, јазикот, историјата, идентитетот и македонското малцинство во соседството само за да си го отвори патот на себе и своите сопартијци за богатење на грбот на граѓаните.

Сите функционери кои се најдоа во скандалите тешки 45 милиони евра мора да понесат одговорност

Одговорност за општиот грабеж кој го спроведува СДСМ мора да има. Сите владини и државни функционери кои се најдоа во скандалите во изминатиот период тешки неверојатни 45 милиони евра мора да понесат одговорност и да поднесат неотповиклива оставка од сите државни фукнции. Оставки мора да има за се спречи притисокот од страна државните функционери поставени од СДСМ, врз органите на прогонот кои мора да ја завршат својата работа и да ги изведат овие луѓе пред лицето на правдата, а не да бидеме сведоци на преквалификување на обвиненија или апсурдни отфрлања на случаи заради наводен недостиг на докази.

Обвинителството и судот мора да стават крај на праксата за заштита на криминалот и перење. А луѓето блиски до Заев и СДСМ кои сториле криминал. Правосудниот систем во Македонија мора да се ослободи од стегите на власта и да заборави на партиски нарачаните обвиненија и пресуди од Зоран Заев и СДСМ. Амнестијата на криминалот на СДСМ не е должноста која треба да ја обавува правосудниот систем во Македонија. Обвинителството и судот мора да работат во интерес на граѓаните и на државата.

Додека здравството е пред целосен колапс, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со своите живот, Венко Филипче се обиде да спроведе холивудски грабеж и на фирма која е формирана само 4 пред месеци да и додели тендер тежок 35 милиони евра.

Додека Македонија тоне на ранг листите за иновативност, Фондот за иновации и технолошки развој стана фонд за исплата на долговите на Заев и СДСМ кон своите сопартијци, фунцкионери од власта и провладини медиуми. Јован Деспотовски се обиде да ги награди ,,најзаслужните’’ партиски послушници со 10 милиони евра пари на граѓаните.

Токму поради ова сите инволвирани во овие скандали мора да поднесат оставка веднаш!

Подмолно и како што тој вели ,,закукулено замумулено’’, Заев се обиде да го прикрие општиот грабеж со националното предавство наречено договор со Грција. Заев криминалот се обиде да го сокрие со продажба на националните и државните интереси преку капитулантски договор.

Заев се откажа од името, јазикот, историјата, идентитетот и македонското малцинство во соседствот само за да си го отвори патот на себе и своите сопартијци за богатење на грбот на граѓаните. Заев и СДСМ се откажаа од Македонизмот само за да можат тој и неговата багра да ги бројат милионите на своите сметки спечалени на товар на државата.

Правдата во Македонија ќе се врати, а моментот кога тоа ќе се случи ќе одговараат оние кои сториле криминал, но и оние кои го амнестирале, оние кои краделе, но и оние кои застанале на патот на правдата. Кога во Македонија ќе се врати правдата, правната државата и корупцијата ќе стане минато. Само тогаш Македонија ќе се врати на патеката на своите евроатлантски аспирации. Кога СДСМ ќе замине, ќе се спроведе правдата и Македонија ќе победи!

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.