|
||||
Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Реупблика Македонија и Република Грција? |
Собранието го распиша референдумот, опозицијата обвини за манипулација и ја напушти седницатаДали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Реупблика Македонија и Република Грција? На ова прашање и официјално граѓаните ќе одговараат на 30 септември. Владата ќе ги консултира граѓаните на консултативен референдум, а референдумот ќе чини 3.5 милиони евра. 68 пратеници гласа за, опозицијата ја напушти салата за гласањето, а не ги образложи ниту сопствените амандмани. За власта одлуката е историска, за опозицијата е силување на демократијата и манипулација на граѓаните Од СДСМ образложувајќи ја одлуката на граѓаните им порачаа дека на 30 сепрември ќе бират помеѓу успешна и европска држава, наспроти држава во излолација. Боите на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше Никола Мицевски, мал број од неговите колеги седнаа во пратеничките клупи, а никој освен тој не кажа ниту збор, иако претходно од раководството најавија борба со арументи од собраниската говорница. Мицевски порача дека власта го крши законот поради повеќезначното прашање што го предлага. Вели со карактерот на референдумот, владата се обидува да ја изигра волјата на граѓаните. Од албанскиот блок едиснствено Зијадин Села и неговата Алијанса за Албанците не се потпиша на олдуката. Села порача дека референдум, не треба бидејќи Собранието го ратификувало договорот. Порача дека ќе бара измена формулацијата околу албанскиот јазик во Уставот, а на Заев му порача дека е ист ко неговот претходник и дека не н ја цени неговата жртва за падот, на како што рече режимот. За референдумот гласаа и од ДУИ иако нивниот став е против изјаснување на граѓаните. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се појави во Собранието, од неговата партија порачаа дека идеалот се исполнува. Одлуката треба да излезе во Службен весник, а за да биде усепшен референдумот треба да излезат 910 000 гласачи од запишаниѕе воизбирачкиот список, и мнозинство да бидат за. Власта веќе најави дека како што рекоа доколку нема одлука на референдумот, пратениците ќе носат одлуки во Собранието. Душица Мрѓа |