|
||||
Напред Претседателе Иванов, сите ние сме со тебе |
Стевчо Јакимовски – ” Ако Заев мисли дека сме глупави, се излажал. Напред Претседателе Иванов, сите ние сме со тебе”„Историјата! Лајна!!! Неа ќе ја пишуваат некои дебелогазовци!“ – ова му го вели Питу Гули во црквата вечерта спорти битката на Мечкин Камен на претседателот на републиката Никола Карев, затоа што Карев го одвраќа да не оди на Мечкин Камен туку сите да се повлечат, сфаќајќи дека се предадени. А, знаете ли од кого се предадени? Како што Карев вели, од оние што седат по софиските кафеани. Да бидеме попрецизни – бугарите. На чело со Борис Сарафов. Колку ли само симболика има во овој фрагмент од филмот „Република во пламен“. И така би, вечен наш Питу! Историјата ќе ја пишуваат некои дебелогазовци, од Бугарија, Грција и од земјата која ти ги покри младите ти очи. Ќе имавме ли денес историја, и што ќе славевме, ако Питу Гули одлучеше да се повлече заедно со горскиот штаб? На Мечкин Камен се пишуваше Македонската историја и денес на истото тоа место, нашиот претседател Ѓорѓе Иванов си обезбеди место во историјата. Со својот говор, јасен и недвосмислен, жртвите на Питу Гули и неговата чета ги направи да имаат смисла. Со својот говор покажа дека не загинале попусто, и денес има некои питовци. Питу Гули се борел беспари и загинал да ја одбрани честа на крушевчани и на Македонија. Претседателот на државата ја брани честа со плата од народот. Платен од народот е и премиерот, ама тој предава. Тој служи на други интереси, и спроведува туѓи политики. За прв пат се гордеам со претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговата сила, неговиот збор, и неговата одлучност дава нов импулс во битката за одбраната на уставното име! Тоа го стори токму пред американскиот амбасадор и високиот претставник од Стејт Департментот. Што би рекла онаа народната – „Устите им беа насмеани, а очите насолзени“ од тага што ги слушаат одлучните зборови, зборовите на претседателот на државата онака како што доликува. „Не отстапувам од своите принципи, нема да потклекнам на никакви притисоци“ – тоа е вистинскиот одговор на вистински претседател кој дал заклетва пред Уставот, свесен дека јаде народен леб. Сега очекувам нов маневар од Американските дипломати. Притисокот да го насочат кон власта. Да го сменат референдумското прашање, да има само едно прашање. Убеден сум дека работите отидоа предалеку, враќање нема. Власта ќе претрпи пораз на овој референдум. Ќе претрпи тивок бојкот, по принципот на Пиги од „Среќна нова `49“ – „Ај кој ти е*е матер“. Овие прашања не заслужуваат одговор. Ако Заев мисли дека сме сите глупави, очигледно се излажал. Референдумот ќе бил консултативен. Па што сме му ние, платена консултантска куќа? Нема тоа така лесно да помине. Напред претседателе, сите ние сме со тебе! Не ја даваме Македонија!” |