Недела, 05 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против” од „за”

alt

Оставка на Заев кадар прв – по третпат

Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против” од „за”, изјави во отвореното студио на 1ТВ во Охрид, премиерот Зоран Заев.

И се ќе беше в ред ако угледниот, честитиот и достоинствен премиер на се уште Република Македонија, човекот кој додека го дише овој македонски воздух, додека го држи памет дека неговиот дедо, татко, сите негови претци, тој, неговите син и ќерка се Македонци, родени овде во Македонија, немаше да го смени името на државата, но и не само тоа, туку и веруваше дека не постои роден човек во Македонија, кој е подготвен да излезе пред Парламентот и да побара промена на Уставот заради промена на уставното име, човекот кој, сепак, ќе биде премиер на Република Северна Македонија, ова за првап го изјавува.

За жал, не е така. Неговата оставка сега му доаѓа, со филмски жаргон кажано, како кадар прв-по третпат. А, уште колку пати ќе го „снима„ истиот кадар допрва ќе видиме.

Да потсетиме, прво изјави дека ако не успее референдумот, ќе поднесе оставка на премиерската функција. Потоа, се направи на удрено и заборави на оставката, а евентуалниот негативен исход од референдумот го поврза со преземање на работите во свои раце од страна на институциите на системот. Сега оставката ја врзува со тоа ако на референдумот има повеќе гласови „против„ од „за„. Нешто како ајде да се залажуваме. Демек, народот е толку недоветен, па ќе се залета да излезе на суицидниот национален референдум за да го исполни цензусот само за тоа Заев да си поднесе оставка. И после го донеле Заев за да го смени името, ааајде мајкатааа, што би рекол самиот.

Па, каде исчезна неговото уверување и убедување дека над 70 отсто од граѓаните ќе излезат на референдум?

Од каде одеднаш сомнежи и недоверба во нив?

Та, нели институциите на системот ќе преземат се?

Со или без него!?

Туку, прочитан е. И затоа никој не му верува. А, она неговото-зборот е збор-не вреди ни пет пари.

Пишува: Предраг Димитровски

https://republika.mk/946327

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.