|
||||
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ забележал скок од 3,4 отсто за само два и пол месеци |
Анкета на ИПИС: Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, опаѓа довербата на граѓаните во СДСМРасте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, опаѓа довербата на граѓаните во СДСМ, стои во новата анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје. Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС)спроведе две кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17 јуни и помеѓу 6 и 10 август 2018 на 1105 (јуни) и 1110 (август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањата граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум. Целта на истражувањата беше да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал на 25 проценти во однос на јуни годинава, додека на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26.1 процент.
Расте довербата во опозициската патија и во анкетите на МЦМСРејтингот на ВМРО-ДПМНЕ забележал скок од 3,4 отсто за само два и пол месеци, покажува анкетата на Телма, која ја спроведе МЦМС на крајот од јули. Анкетата покажува драстичен раст во рејтингот во месеците од летото, што е резултат на зголемениот активизам и присутноста на терен на партиските членови, но и на претседателот Мицкоски. Во анкетата на МЦМС опозициската партија има рејтинг од 24,0 отсто, што е скок од 3,4 осто споредено со нивната анкета во мај – ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто. СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24,4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 осто, што е пад за 1,1 осто. |