Четврток, 16 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Ќе си одговорате! И за велепредавството и за криминалиите и за сите злодела
alt

Колумна на Димитар Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за порталот КУРИР

А РЕФЕРЕНДУМОТ?

Секојдневието во Македонија, во последните неколку месеци посебно, ни се сведува на сериозни разочарувања, во секој сегмент од животот. Зоран Заев и камарадите, во три потега и неколку „шибицерски“ финти, ја „решија“ државата. Тиранската платформа, Договорот за добрососедство со Бугарија и Спогодбата за решавање на спорот со Хеленската Република (Јунинистан, што би рекле турците), вродуваат со плодови.

Така, по платформата си изгласаа Закон за употреба на јазиците и создаваат паралелни албански институции, ослободија осудени за свирепи убиства и други тешки криминалци, па дури најавуваат и војна ако не сме го сменеле името.

Според добрососедскиот договор, се откажуваат од македонската историја и газат на крвта и делата кои ги дале македонските историски личности за слобода на Македонија. Се извинува Заев зошто рекол дека Илинденското востание е Македонско! Еј, до кое дереџе сме дојдени. Во духот на истиот тој договор, бугарскиот Претседател и бугарскиот Премиер веќе најавија блокада за нашите ЕУ интеграции. (Добро, не знаете ли после толку бакнување што следува?)

За спогодбата ни се смеат сите. Служиме за потсмев како држава. Потпишавте спогодба со која важиме за единствена нација во светот која се самопоништува и се негира самата себе (ама, барем по нешто сме единствени).

Шибицерите си продолжуваат со разместување на „кибритчињата“. Филипче си дели набавки од по неколку десетици милиони евра на кого сака; Спасовски си набавува возила за министерството од партискиот пријател, за да можат децата на неговите подредени да шетаат по плажите; Рада ја „опремува“ Македонската армија со торти и слатки и си дели грантови на сопартијци и истомисленици; на Шилегов му била „влажна“ годината, па затоа не изедоа комарци и бездомни кучиња; Царовска како да експериментира во снимање на хорор филмови во домовите за згрижување на децата без родителска грижа; десетици милиони евра народни пари се поделија помеѓу вицепремиери, пратеници и советници од власта и уште неколку мина „заслужни„ новинари и граѓански активисти; си ги вработуваат фризерките и „пријателките“ и по некој роднина; им цветаат плантажите засадени со канабис…

Се интензивираат сплеткарењата и корупцијата од најниско до највисоко ниво во власта. На правосудниот систем му е врзан ланец на вратот, за да можат да го потегнат по потреба. Се уништува економијата, се срозува земјоделието, здравството и образованието се колабирани. Надежта кај луѓето е згасната. И се ова за нешто повеќе од една година владеење. Да бевте чума, немаше до толку да ја опустошите Македонија.

Единствена и најголема ваша способност, за која мора да ви се оддаде признание, е дека најдобро знаете да уништувате. Да уништувате сѐ, од човечки животи – до држава! За тоа сте доктори по науки.

Како капак на сѐ претходно, сте запнале од петни жили да ги убедувате граѓаните да излезат да гласаат на референдумот за сопственото самоукинување. Без срамно ги лажете дека веднаш по референдумот, ако е успешен, од Табановце ќе почне да тече мед, а од Богородица ќе тече млеко. Но, по кој знае кој пат ја потценувате интелигенцијата на Македонскиот народ. Единствен начин за да не ви се случи бојкот на референдумот, нешто од кое толку многу се плашите, е да ја отповикате Одлуката за неговото распишување. Имате уште време за тоа, а си имате и мнозинство во Парламентот. Резервна варијанта која ви стои на располагање, е на 1-ви Октомври да се самораспушти Собранието и да се распишаат предвремени парламентари избори. И за тоа имате мнозинство. Па, понудете му го на народот сѐ ова што го правите во форма на изборна програма. Така е чесно. Гласањето на народот на тие предвремени парламентарни избори, нека биде референдум и ако добиете поддршка за таквата програма, спроведувајте ја.

И, на крај, да не заборавам повторно да Ви кажам. Ќе си одговорате! И за велепредавството и за криминалиите и за сите злодела. Ќе си одговарате сите до еден.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.