|
||||
ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО |
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО Помина уште еден Илинден. И наместо да му се израдуваме, како секогаш во минатото на нашиот најсветол датум - 2 август - двојниот Илинден, сега се соочуваме по кој знае кој пат со брутална антимакедонска кампања од источните соседи кои настојуваат да не одмакедончат, а светиот Илинден да си го присвојат, да не натераат и да ни наметнат нам, на македонците - со некакво писание што го нарекуваат Договор за пријателство, да се откажеме од нашето легитимно право да си го величаме и славиме тој датум - како еден од најславните во нашата историја. Повод за најновата антимакедонска хистерична реакција од званична Бугарија е изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е м а к е д о н с к о!!! После таа изјава тргна лавината на бурни, непријатни, заканувачки и уценувачки реакциии на првите луѓе во членката на Европската Унија - Република Бугарија. За бугарската министерка за надворешни работи Захариева Илинденското востание ,,Само географски и припаѓало на Македонија,, (демек бидејки се кренало на македонска територија - во Крушево). Премиерот Бојко Борисов се закани дека заради споменатата изјава: ,,Кога ке дојде (Македонија) да е пред вратите на ЕУ и ние треба да дадеме согласност,,!? А извесен Румен Петков, претседател на партијата Алтернатива за бугарска преродба предупреди дека преговорите за прием на Македонија во ЕУ и НАТО треба да се доведат под прашање ,,заради непризнавање на бугарското учество во илинденското востание,,! (Забелешка: Ние во Македонија не спориме дека поединци од Бугарија учествувале во Илинденското востание, на пример Бугаринот Тодор Паница и други, но тоа во никој случчај не го прави востанието ,,бугарско,, како што настојува бугарската наука и политика!). Антимакедонската хистерија доживеа своја колуминација со реакцијата на бугарскиот Претседател претседател Румен Радев кој побара ,,Владата на Бугарија да увиди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за пријателство, а воедно побара и ,,дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија,,(!?) Со цитираните и многу други слични изјави дека немало извинување од Зоран Заев за неговиот изречен наводен гаф (Заев сепак во меѓувреме јавно се извини со констатација дека Илинденското востание ,,било и бугарско„(!?), Бугарија ни даде јасно до знаење две работи: прво, званична Софија нема намера да се откаже од праксата од времето на Тодор Живков за негирање на македонското славно минато и негово присвојување како свое. Напротив, таа пракса постанува уште пожестока бидејки Бугрија сега како членка на Европската Унија е во многу посилна позиција и така осилена во рамките на ЕУ-принципот за решавање на проблемите со соседите е во позиција ултимативно да наметнува свои интереси и ставови! И второ, што произлегува од претходно изнесеното, токму како членка на ЕУ Бугарија ке ја употреби таа нејзина предност како членка на ЕУ за да не уценува, т.е. блокира на секој чекор во во текот на преговорите за членство на Македонија во Унијата доколку не ги исполниме нејзините барања, особено во конткстот на нашето историско минато што тие сакаат да си го прикажат како свое. Веке помалку подзаборавениот македонски историчар М-р Драган Ташковски ваквата пракса на Бугарија своевремено ја нарекуваше ,,Културен паразитизам,,.!!! Со други зборови: приклепување од бугарска страна на наши историски вредности, ликови и настани и нивно прикажување како свои, т.е. бугарски. Но, бидејки бугарската страна секогаш се повикува на историјата (според нивно гледање и тумачење), па би ги запрашал во оваа прилика како ке го објаснат следниов според мене (не сум историчар, но историјата ми е пасија) многу интересен и важен детал. Имено, во осумдесетите години од минартиот век истражував во Државната библиотека на Нов Јужен Велс во Сиднеј, Австралија, што пишувале австралиските весници за Илинденското востание 1903, и наидов на еден - според мене многу интересен и важен детал. Имено, весникот ,,Ди Ејџ,, (Тhe Age), што излегува во Мелбурн, во бројот од 18ти август 1903 објавува информација според агенцијата Ројтер во која ја цитира изјавата на тогашниот бугарски премиер, генерал Рачо Петров за еден софиски весник во која тој наглсува дека ,,позицијата на бугарската влада (се однесува на Востанието во Македонија, МТр) е апсолутно коректна(!) и дека бугарската влада ,,со внимание ја варди границата за да с п р е ч преминувња од Македонија,,!!! (Забелешка: Во тој период Македонија сеуште е провинција во Отоманската империја). Генералот Рачу Петров исто така тврди во споменатата изјава: ,,Востанието во Македонија е чисто национална (т.е.македонска, забелешка моја) работа на внатрешниот комитет (се мисли на ВМРО, забелешка моја),, (Види: Мартин Треневски, ,,Илинден 1903 во австралискиот печат, стр. 103, издание Матица Македонска, 1998 и во дополнетото издание на истата книга на англиски јазик: The 1903 Ilinden Uprising In the Australian Press, страна 77, во издание на Македонска Искра, 2007). Следствено, работите не се баш такви за бугарската страна да може на сила да наметнува ставови за историското минато на македонците, какви што и се нејзе по воља. Зачудува само молкот на нашите историчари од Институтот за национална историја, Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет, а посебно молкот од патријарсите на македонската историја во МАНУ(!!!) кои сега, кога ни е најпотребно никаде ги нема. Бугарската страна, според Договорот за пријателство потпишан на 1 август 2017 сред Скопје, сега и комисиски ке не убедувала дека тони и тони историска литература од наши историчари не ке важи повеке, нашите историчари ке треба да си ги скинат, или запалат - сеедно, своите дипломи, а тие со документи ке не убедувале дека сме биле во заблуда - теза што кога не би била многу, премногу опасна, би била гротескна. Загрижува и ставот на фамозната Европска Унија која очигледно нема механизми да ги заузда некои свои членки кои, како во предметниов случај, силеџиски наметнуваат свои ставови на други без да ги почитуваат елементарните норми, ниту пак меѓународни документи за основните правата на народите. Малку скандинавски дух и пракса од страна на ЕУ би ни користела многу на сите нас во регионот, без разлика дали сме нејзини членки, или не сме! |