Петок, 17 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Толку од транспарентноста на Владата на СДСМ
alt

Сериозен сомнеж во Владата за перење пари преку прославата

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Криминалната Влада на СДСМ вчера призна за организација на прославата дека за само 1 ден се склучени договори без тендерска постапка, со фирми кои најверојатно однапред биле договорени.

Добивме и уште едно многу поважно признание од криминалната Влада на СДСМ, а тоа е дека биле исплатени околу 40.000 евра повеќе на фирмите, кои што организирале од она што беше прикажано и потрошено во јавноста.

Оттука произлегува сериозен сомнеж дека станува збор за случај на перење пари преку прославата.

Дали СДСМ на најгруб можен начин обидувајќи се да ја изманипулира јавноста со наводната транспарентност за прославата, се обиде да испере околу 40.000 евра пари на граѓаните.

Откако беше обелоденето од наша страна дека на фирмите организатори се исплатени повеќе пари од прикажаното, тие се обидоа да релативизираат дека отпочната била постапка за враќање на парите, што е преседан во работењето на една Влада.

Толку од транспарентноста на Владата на СДСМ.

Крајно несериозно и повторно во истиот фазон како скандалот „Криминални иновации”, ако ги фатат ќе ги вратат парите, ако не, никому ништо.

Зошто Владата не ја извести јавноста за ова и кога мислеа да ја информираат јавноста за случајов?

Граѓаните заслужуваат да знаат кај се трошат нивните пари.

Уште еднаш прашуваме, зошто не е објавен тендерот според Законот и зошто не е обезбедена конкурентност од економските оператори?

Дополнително, бараме од Владата, веднаш да кажат помеѓу кои 3 фирми бил изборот за склучените 2 договори и зошто се фаворизирале фирми кои биле блиски до Студентскиот Пленум? Дали можеби се враќале некои стари долгови од предизборието?

Конечно уште еднаш прашуваме, да прекинат да лажат и конечно да прикажат колку пари на граѓаните се потрошени за пропаднатата прослава и дали има уште некој сомнителен случај кој наведува на перење пари на граѓаните?

Јавното обвинителство и Агенцијата за спречување на перење пари имаат чист случај да го отворат и да го истражат.

Ги повикуваме и охрабруваме тоа да го сторат тоа уште веднаш!

А, Владата, најмалку што може е да сносат одговорност инолвираните и да си поднесат оставки. Да прекинат да ги злоупотребуваат парите на граѓаните. Што порано, толку подобро за народот и за државата.

На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.