Вторник, 21 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Македонија, без традицијата, ќе немаше ниту Македонска православна црква - Охридска Архиепископија

FINAL-SUM-LOGO vX8 za-print Page 2-1024x730Македонија без традицијата, ќе немаше ниту Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија

Отворено писмо до Синодот на МПЦ

Ваше Блаженство, Г.Г. Стефан,

Нека е за многу години месецот на големите христијански празници, Св. Илија – воедно и национален празник Илинден и Св. Богородица!

Месец во кој е најизразено единството на Македонците овде и низ светот! Вие тоа најдобро го знаете, зашто илинденските празнувања,  дијаспората секогаш ги организира во присуство на Вас и на високи претставници на МПЦ. Оваа година, врските на Македонците од Македонија и во дијаспората се уште посилни, а обединувачка нишка е зачувувањето на вековното Име, Идентитетот и нашата Историја.

Верувам дека Вам, на Синодот како и на свештенството, ви е јасно - мнозинството православни верници очекуваат да ги поддржите напорите за сочувување на врвниот национален интерес, на Македонштината.  Чесни исклучоци од вашите редови, веќе се на тој пат, со народот..

Впрочем, без народот, Македонија, без традицијата, ќе немаше ниту Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како што е јасно и дека Црквата има/ла огромна заслуга за ширење на писменоста, сочувување на традицијата, на македонскиот јазик . Народот - верниците се основата на вашето постоење и делување, тој во минатото и денес ја изразил својата лојалност верувајќи во вас, учествувајќи со се’ што имал и во изградбата на православните христијански храмови. Тоа е уште една потврда на цврстата поврзаност на народот со црквата, на чувството за единство со своите духовни оци.

СУМ - Граѓанската глобална координативна мрежа Сите за Унитарна Македонија, е формирана од 30-тина здруженија со единствена цел – зачувување на Името и Идентитетот. За таа цел делува со широк спектарт активности, а ова отворено писмо е дел од напорите за зајакнување на фронтот за Македонија.

Воедно, преку писмото,  ја пренесува и пораката споделена со македонската дијаспора – бидете со народот во овие тешки времиња, сплотете  го, помогнете му да излезе од овој кошмар како победник, кој достоинствено ќе го продолжи своето постоење, втемелено во стремежи и визии, низ безбројни битки, положени жртви и неизбришлив аманет од претците, за своја, просперитетна држава со само едно, непроменливо име – Македонија!

Мнозинството народ сочувствува со тешкотиите низ кои поминувате во процесот на признавање на Црквата и вклучување во семејството на национални правослвни цркви, иако, нема поважно нешто од тоа - народот да ве признае! Но, не може да разбере ако притоа потклекнувате под притисоци и со неприфатливи потези, како што беше писмото до БПЦ.. Верниците очекуваат да излезете од тој недостоен лавиринт и да го убедите народот дека не сте алатка во рацете на актуелната политика, туку вистинско духовно водство, кое своите цели ги поставува на долг рок и ќе ги оставри мудро, чесно, со духовна сила, доследно..

Ајде да се потсетиме дека во еден период, христијанството во Македонија, во мрачниот ран среден век поминало низ фаза на висока просветленост, исчистување од земните пороци и со филозофски однос на богомилите кон верата, има направено цивилизациски придонес кон разбирањето за слободата на човекот, која подоцна ја иницира ренесансата и напредни реформациски процеси низ Европа.  

Не заборавајте дека народот,  длабоко во себе преку историската меморија, ете и до великиот Кочо Рацин кој пишувал за тоа,  ги носи овие традиции и затоа од Црквата, со право, очекува многу повеќе! Не ја изневерувајте..

Со почит,

СУМ- Сите за Унитарна Македонија

Скопје, август 2018

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.