|
||||
Виножито е против промена на името на Република Македонија и против Преспанскиот договор |
Виножито е против промена на името на Република Македонија и против Преспанскиот договорНашиот став е непроменет, ние сме против каква било промена на уставното име на Република Македонија, а тоа значи и дека сме против Преспанскиот договор. Не сме против дијалогот помеѓу двете држави. Ова, како што дознаваме, е ставот на политичкиот секретаријат на Виножито, партијата на Македонците во Грција. Со ова, членовите на Виножито сакаат решително и едногласно да ги расчистат шпекулациите околу наводната промена на официјалната и доследна позиција на партијата за ова прашање. Дали Република Македонија ќе го смени нејзиното уставно име или не, останува да биде внатрешно прашање на државата и на нејзините граѓани кои имаат демократско право да гласат за или против или пак и да не гласаат, велат од раководството на Виножито и истакнуваат дека остануваат против каква било промена на уставното име на Република Македонија. На состанокот на политичкиот секретаријат одржан на 19 август присуствувал и Павле Воскопулос. Оваа реакција доаѓа по интервјуто на Воскопулос за порталот НоваТВ во кое тој вели дека договорот дава позитивен инпут за владите и граѓаните во двете држави, дека со договорот не се допира во националните идентитети. „Никаков проблем и рефелксија нема овој договор врз националниот индентитет. Префиксот Северна не значи какво било оспорување на идентитетот... Мислиме дека тоа воопшто не влијае врз националниот идентитет. Ние сметаме дека македонскиот национален индеитет е загарантиран секаде во светот. Цел свет го признава и тоа го знаеме добро... Нужни се реформи во образовните системи на двете држави и унапредување на космоплитизмот за да се овозможи со овој Договор да се постигне вистинскиот ефект за градење на вистински добри односи меѓу двете држави“, рече меѓу другото Воскопулос. |