Сабота, 25 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
МВР илегално ги следи граѓаните кои се за #бојкот на референдумот

alt

Признава ли Спасовски дека МВР илегално ги следи граѓаните кои се за #бојкот на референдумот?

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потврди она од што стравуваме и за што предупредуваме – МВР ги следи и надгледува луѓето кои мислат поинаку од власта иако јавноста досега не беше запознаена дека се води истрага поврзана со кампањата за референдумот.

Во интервју за МИА, Спасовски, претставен како министер за внатрешни работи, а не како потпретседател на владејачката партија, вели дека „таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја следиме, гледаме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа, бојкотот не е став“. Тој не прецизира за кого зборува кога зборува во множина, дали за Министерството за внатрешни работи или пак за неговата матична партија, СДСМ. Дали МВР води истрага без налог на судија за луѓето од движењето #Бојкотирам, кои, како што вели имаат легитимен став?

alt

Она што е сигурно е дека Спасовски и кој и да стои зад него или покрај него, дали Министерството за внатрешни работи или матичната СДСМ го кршат законот.

Доколку министерот зборува во име на МВР, а наведените луѓе се следат без налог на судија, тогаш во Македонија во заднина на референдумот се одвива голема афера, нов скандал со следење на комуникации, за кој мора да има оставки.

Доколку министерот Спасовски зборува за партиско следење на состојбата, тогаш го крши Законот за внатрешни работи и член 21 од колективниот договор во МВР, кој вели дека вработените во МВР не смеат да изразуваат партиски ставови и убедувања при вршење на нивната работа.

Спасовски во интервјуто за МИА изјави дека се следи работата на луѓето од платформата “бојкотирам” и се гледа кои се тие луѓе.

Тој ја обвинува опозицијата дека нема став за референдумот и вели дека тие што бојкотираат имаат легитимен став да го сторат тоа но сепак се следени.

„Немањето на став во политиката е многу важна работа. Полошо е дури и од ова „бојкотирам“. А за таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја следиме, гладеме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа, бојкотот не е став. Бојкотот не значи алтернатива”, изјави Спасовски во интервјуто.

Многу портали и поеднинци кои не ја застапуваат идејата „за“ референдум пријавуваат и предупредуваат дека на социјалните медиуми се води хајка против нив. Жртва на хајката е и „Република“.

https://republika.mk/952854

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.