|
||||
Зоран Заев е креаторот на капитулантското дело наречено Договор од Преспа |
ВМРО-ДПМНЕ: Името на државата, идентитетот и јазикот не се пречка за влез во ЕУ и НАТО, единствената пречка е ЗаевВладата на СДСМ со еден потпис во Преспа се откажа од се што е македонско, се откажа од уставното име, јазикот, идентитетот, историјата и културата како и македонското малцинство во соседството. Зоран Заев е креаторот на капитулантското дело наречено Договор од Преспа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Капитулацијата на државата и распродажбата на националните и државните интереси не е патриотски чин, ниту пак историска шанса за Македонија. Свитканата кичма не е одлика на еден европски или западен политичар, не е одлика на сигурен партнер во кој можеш да имаш доверба. Човек кој е аболициран за милионски криминал и повторно амнестиран од партиското судство не е пример за европски политичар. Ниту еден капитулантски договор не може да ја надомести штетата нанесена на македонските евроатлантски интеграции од криминалните тендери и грантови доделени на партиски послушници на СДСМ, стои во реакцијата и се додава: „Зоран Заев не може да го избрише фактот дека светските медиуми известуваат за Македонија како Мека на криминалот и корупцијата. Македонија не може да ги оствари своите стратешки интереси со партиско судство кое служи единствено за прогон на политичките неистомисленици на Заев и СДСМ. Името на државата, македонскиот идентитет и јазик не се пречката за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Единствена пречка на патот на нашите евроатлански интеграции е еден човек, а тоа е Зоран Заев истиот оној кој од струмички бизнисмен бараше 200 илјади евра поткуп. Македонија ќе се врати на патот кон ЕУ и НАТО единствено кога Зоран Заев ќе ја напушти Илинденска бб. и ќе замине во политичка пензија“. |