|
||||
На расипништвото на СДСМ мора да му се стави крај |
СДСМ удри на крадење на максимумМакедонија веќе една година е во исчекување на животот кој го ветуваше Зоран Заев. Наместо живот граѓаните добија чемер и јад. Осиромашување од досега невидени размери, колабирано здравство, економија која тоне и правосудство кое наместо на граѓаните и служи на власта. Расипништвото на власта достигнува нови размери со милионите кои се планирани да се потрошат за најскапата анкета во историјата на Македонија, консултативниот референдум за промена на уставното име на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има предлог кој ќе стави крај на расипништвото на владата на СДСМ. Планираните 1 милион и 300 илјади евра СДСМ наместо да ги фрли во вода за промовирање на капитулантскиот договор од Преспа да се пренаменат за изградба на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово. Учениците во Тетово заслужуваат школската година да ја започнат како своите врсници со достојни услови и мотивација за нови успеси во ново училиште. На расипништвото на СДСМ мора да му се стави крај. Инверзијата на вредности која ја промовира СДСМ нема да донесе ништо позитивно за обичниот граѓанин, капитулантскиот договор со Грција не може да биде ништо поразлично од тоа што е, капитулација и распродажба на националните и државните интереси. ВМРО-ДПМНЕ понатаму предлага планираните 670 илјади евра за хортикултура да се искористат за изградба на социјални станови за групата на социјално загрозените граѓани кои своето секојдневие го поминуваат во недостојни услови. Македонија мора да се врати на вистинската патека. Патека на просперитет, добробит за сите граѓани, здрава економија и социјален систем, а за ова да се случи Зоран Заев и неговата клапа мора да си заминат во политичката историја на Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ |