|
||||
Празно и во Штип: Заев немаше кому да му го продава референдумот |
Празно и во Штип: Заев немаше кому да му го продава референдумотПремиерот Зоран Заев ја почна теренската кампања во пресрет на референдумот и патува низ градовите да ги убеди граѓаните дека треба да гласаат ЗА договорот со Грција и промена на уставното име на Република Македонија. По дебаклот што го доживеа во Кочани попладнево, вечерва тој е во Штип каде има околу 500 граѓани. На лице место можеше да се забележи дека се носеа и граѓани со три автобуси, четири комбиња и многу автомобили. Инаку преполните автобуси, комбиња и автомобили беа со регистарски таблички од Кочани, Пробиштип, Струмица и Македонски Брод. |