Сабота, 01 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Договорот со Грција не е ништо друго туку бришење на Република Македонија
alt

СДСМ и Зоран Заев се обидуваат преку манипулации да ги излажат граѓаните на Република Македонија дека нивото криминално и расипничко работење е по европски стандарди.

СДСМ свесно поттикнува поделби во општеството со изјаснување кој е за и против НАТО или ЕУ поистоветувајќи ја западната ориентација со поддршката на капитуланскиот договор со Грција со кој што Заев се обидува да го покрие криминалот што го прави.

Договорот со Грција не е ништо друго туку бришење на Република Македонија, македонскиот идентитет, откажување од традицијата, културата и историјата. Договорот со Грција значи менување на Уставот, јазикот и откажување од Македонците не само надвор од границите на државата, туку и во неа. Срамниот договор на Заев е капитулација каква што не прифатил ниту еден политичар до сега. Таков капитулантски договор може да прифати само политичар кој нема ниту капацитет, ниту храброст, ниту образ да ги брани државните и национални интереси. Политичар кој е аболициран за криминал, кој продолжува да работи криминално и кој за да се спаси е подготвен да ја витка кичмата. Тоа не се европски вредности.

Не се европски вредности делење на средства од Фондот за иновации на роднини на функционери во Владата.

Не е европска вредност доделување на тендери вредни милиони евра на фирми кои се формирани една недела пред да го добијат тендерот

Бизнисите за марихуана и доделување на градежно земјиште не се европска вредност кон која треба да се стремиме.

Македонија и македонскиот народ нема никогаш да прифатат, ниту да ги поддржат распродавање на националните интереси се со цел прикривање на криминалот.

СДСМ и Зоран Заев треба да си заминат од власт.

Само така Република Македонија ќе продолжи напред и на тој начин ќе ги достигне европските вредности кон кои се стреми од независноста па до сега.

Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестниот марш кој што го организираме во Кичево во недела со почеток од 13 часот кај кружниот тек кај автобуската станица.

Обединети, заеднички и сложно да и кажеме доста е на оваа ненародна власт, доста е со криминалите и доста е со распродавањето на државните и националните интереси.

Граѓаните и Република Македонија ќе победат!

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.