Сабота, 01 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
НЕ за договорот со Грција, ДА за Македонија – в недела протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево
alt

Ве повикувам в недела (2 септември) во 13:00 часот во Кичево (кружниот тек пред Автобуската станица) да излеземе и заеднички сложно и обединето да кажеме НЕ на Заев, НЕ за договорот со Грција, што ќе значи ДА за Македонија! За Република Македонија онаква каква што ја заслужуваме и посакуваме.

ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе одржи протестен марш во Кичево.

Повикот до граѓаните го испрати генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение

Говорат за Европската Унија, а сиромаштијата расте. Велат дека ќе обезбеделе иднина, а економскиот раст се движи околу нулата, со капитални инвестиции на очајни 21% за цели 6 месеци.

Велат дека младите ќе добиеле шанса, а образованието ни девастира, со универзитети кои ги нема ниту во втората половина на 1000 на Шангајската листа.

Велат дека ќе обезбеделе правда, а земјава е прогласена за најкорумпирана во Европа.

Велат дека ќе имало компетитивно здравство, а земјава само ги брои смртните случаи.

Велат дека ќе ја донеле Европа во Македонија, а нема ниту датум за преговори со Европската Унија.

Велат, ветуваат, но не исполнуваат.

Зборуваат за Европа, за да не зборуваат за договорот со Грција кој е на маса и за кој треба граѓаните да одлучат.

Промената на името, на идентитетот, на јазикот, на комисијата за ревидирање на македонската култура, историјата и археологијата … е за ова што навистина го имаме на маса пред нас, нема да чуете ништо од власта.

Затоа што од власта кога ќе ви кажат ДА, не ви кажуваат дека тоа е ДА за Северна Македонија и променет идентитет и устав.

Затоа што добро знаете дека НЕ за договорот значи ДА за Македонија и нејзината остварлива иднина.

Ова мора да престане, а одговорот е токму во граѓаните.

Македонија нема време за губење, затоа што секој човек и секој живот вреди.

Ве повикувам в недела (2 септември) во 13:00 часот во Кичево (кружниот тек пред Автобуската станица) да излеземе и заеднички сложно и обединето да кажеме НЕ на Заев, НЕ за договорот со Грција, што ќе значи ДА за Македонија! За Република Македонија онаква каква што ја заслужуваме и посакуваме.

Македонија ќе победи!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.