|
||||
Ако водам следете ме, ако се двоумам поттурнете ме, ако ве предадам убијте ме |
Мицкоски порача од Кичево: Ако ве предадам убијте ме!Не може за национално прашање да одлучуваат партии.Ова не се партиски надитрувања, иако знам дека на СДСМ позициите во партијата им се се, на нас Македонија ни е се. Нема партиите да одлучат, за национално прашање ќе одлучи нацијата и на нејзината одлука сите ние ќе се поклониме и тоа ќе биде тоа. Времето на недопирливи политичари, самозамислени владетели и тоталитаристи во Македонија ќе заврши кога ќе завршиме со оваа влада. Зоран Заев ќе биде последниот мрачен лик кој ја запоседнал премиерската фотелја и тоа ви го ветувам. На крај, не можам а да не се потсетам на еден цитат, историски врежан во меморијата на сите оние кои Македонија и ВМРО им е при срцето: Ако водам следете ме, ако се двоумам поттурнете ме, ако ве предадам убијте ме. |