|
||||
Македонската црковна заедница во Берлин одбила да се сретне со министерот за дијаспора Едмонд Адеми |
Дијаспората го „протера„ министерот од Берлин!Македонската црковна заедница во Берлин одбила да се сретне со министерот за дијаспора Едмонд Адеми кој е во неколкудневна посета на главниот град на Германија. Во писмото кое го објавуваат Македонци од Германија со кое се одбива средбата црковната општина на МПЦ Свети Климент Охридски од Берлин, се вели дека ја одбиваат средбата затоа што било најавено дека ќе се збори за дневни политички теми. Причина за одбивањето на средбата е и најавата дека на неа министерот Адеми сакал да ги промовира придобивките од договорот со Грција. За Црковната општина Свети Климент Охридски се работи за штетен и срамен договор и нема потреба сега или било кога некој пред нејзините членови да ги презентира придобивките од него. |