|
||||
Граѓаните на Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики |
Граѓаните на Република Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики на Димитров и Заев.Никола Димитров, пред граѓаните на Куманово ја продолжи праксата на неговиот претпоставен Зоран Заев базирана на манипулации и поделби на граѓанитеМинистерот за надворешни работи Никола Димитров, пред граѓаните на Куманово ја продолжи праксата на неговиот претпоставен Зоран Заев базирана на манипулации и поделби на граѓаните. Очигледно дека Димитров исто како и Заев смета дека сто пати кажана лага станува вистина, па така тој вечерва се обидуваше капитулантскиот договор со Грција да го прикаже како успех и крупен исчекор. Му порачуваме на Димитров дека уште милион пат да ја повторува таа лага нема да му успее. За граѓаните на Република Македонија тој договор ќе остане капитулантски договор кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја. Никола Димитров исто како и Зоран Заев се прочитани од граѓаните во Република Македонија кои ниту им веруваат ниту им даваат поддршка на нивните штетни, антидржавни и криминални политики. Граѓаните на Република Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики на Димитров и Заев. ВМРО-ДПМНЕ |