|
||||
Росоклија: Јасно е дека подготвуваат фалсификат, но како мислат фалсификатот да им помине?! |
Росоклија: Јасно е дека подготвуваат фалсификат, но како мислат фалсификатот да им помине?!Професорот Горазд Росоклија во својата колумна пишува дека референдумот ќе заврши со фалсификат. -Го потценија македонскиот народ, не потценија сите, ја потценија или никогаш не ја чуле вистината дека колективната мудрост на еден народ, на секој народ, е над умот на било кој поединец кога станува збор за опстанокот на тој народ. За жал, секоја македонска власт се однесува на ист начин кон сопствениот народ. Во основа, да го потцениш народот кој те избрал за лидер и судбината своја и на своето семејство ти ја доверил тебе, значи многу нешта, многу негативни особини на карактерот, но пред сѐ значи немање љубов кон човекот. Јасно е дека подготвуваат фалсификат. Но како мислат фалсификатот да им помине и уште позначајно, како мислат да владеат после тоа, после тој референдум?”, напиша Росоклија. |