Среда, 05 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Чукна судбоносниот час за спас на Република Македонија
altМихајло Маневски

Граѓани на Македонија, Македонци и Македонки,

Чукна судбоносниот час за спас на Република Македонија, на македонската држава и македонскиот народ, на неговиот национален и културен идентитет, неговата историја и неговата самобитност. Чукна судбоносниот час да се спречи да се уништи нашата мајка Македонија, да се сотре нашата лулка која не изнедрила, да станеме народ без корен, без меморија и без идентитет. Еден исконски библиски народ, лулка на писменоста и културата низ вековите, предавници, душмани и лажливци сакаат да го избришат од земјината карта, како никогаш да не постоел. Запнаа со сите сили тоа да го сторат по секоја цена, од внатре и од надвор.

Зоран Заев кривоклетник и лажливец

Предавникот и ноторен лажливец Зоран Заев се стави во служба на мрачните сили кои по секоја цена сакаат да ја уништат Мекедонија и Македонскиот народ. Кривоклетник, кој лажно се колнеше во предците, родителите и децата и го лажеше народот дека нема да се менува Уставот и Уставното име на државата, токму тоа го стори. Додека диши, тоа тоа немало да го стори. Немало таков роден човек што ќе застане пред Собранието и ќе побара промена на Уставното име на државата со промена на Уставот. Лажеше, како и секогаш. Немало, ама има, се родил таков изрод во Муртино, токму тој, кој прифатил да се менува и Уставот и Уставното име на државата и нејзиниот нациионален и институционален идентитет.

Капитулантски договор за октроисан (наметнат – натурен) Устав

Што прифати Зоран Заев во договорот со Грција да се менува во преамбулата на Уставот? Дали прифати се брише Крушевската Република, да се брише АСНОМ, да се брише свеста и благодарноста на предците за жртвите и посветеноста во борбата за создавање самостојна и суверена држава Македонија, да се брише зборот Маккедонија? Што му смета на Зоран Заев преамбулата на Уставот? Со што се согласи Зоран Заев, онака на вересија, без никакво поблиско појаснување и поконкретна најава што ќе се менува во преамбулата или преамбулата целосно да се избрише?

Зоран Заев досега што рече порече, што кажа излажа. Како некој може да му верува на таков лажливец? Лажливиот кривоклетник прифатил промена на Уставот на РМ, на окулу 100 одредби, да се смени името на државата, да се избрише македонскиот национален и институционален идентитет, македондската историја и македонската култура, да се избрише Македонската православна црква, секаде во Уставот да се избрише Република Македонија и да се замени референцата ПЈРМ со срамното натурено име “Северна Македонија”, да се сменат во ООН прифатените кодови, да се брише се што е исконско македонско. Тоа го прифатил Зоран Заев и сега се обидува да го протурка. Такво нешто може да стори само еден лажливец, кривоклетник, крајно несовесен, неодговорен и емоционално проблематичен човек, кој државата ја предава на паркинг.

На паркинг во Дојран е предадено се што е македонско

Колку биле сериозни разговорите во врска со разликата окулу името, во Дојран се пофали самиот Зоран Заев. “На овој паркинг во Дојран со Ципрас го договоривме македонскиот јазик”. Срамно и вулгарно ќе признае. Боже собери си ја вересијата, што би рекол народот. Човеков знае ли што прави? На паркинг во Дојран Зоран Заев прифаќа да се брише Република Македонија, онака фајтерски, како да се работи за име на некое муртунско маало. Значи, Алексис Ципрас не бил прв пат во Македонија, како што лажеа во Преспа.

На паркингот во Дојран не е договорен македонскот јазик, како што лаже Зоран Заев. Македонскиот јазик е нострифициран во 1977 година во Обединетите нации. За тоа немало за што да се разговара, иако се обидуваат тоа да го прикажат како голем успех. На паркингот во Дојран е предадено се што е македонско. Нема више Македонската академија на науките и уметностите, Македонски народен театар, Македонска православна црква, Македонска Радио Телевиија, Македонска војска, Македонска филхармонија, нема веќе ни “македонско девојче китка шаренa”, нема ништо македонско, македонски, македонска и слично, нема Бисер балкански. Сето тоа е обезличено и преобразено во Северна Македонија, во црнила и деспотија.

Ни се подготвува комплетно чистилиште

Ни се подготвува промена на личниот опис. Кога ќе се погледнете во огледало, ако недај боже успее ова предавство, нема да бидете истата личност, ќе бидете нешто сосема поинакво, безлично, недефинирано, зомби, без опис, без личност, без име, без гордост.

Погледнете ги документите што ги имате во себе кои се однесуваат на вашата личност. Сите тие документи мора да бидат сменети. Мора да се смени лична карта, пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола, дозвола за возење, уверение за државјанство, извод од матичните книги на родените, регистарските таблички на вашите возила, мотори, трактори и друга механизација, свидетелства, дипломи, уверенија и уште многу други документи. Мора да се сменат над 30 милиони само лични документи и ознаки.

Ќе се сменат сите пари и ќе печатат нови книжени и ковани пари, во сите апоени. Тоа се повеќе илјади тони пари, за кои најдобро знае гувернерот на Народната банка на Македонија, која и самата ќе го смени името во Народна банка на Република Северна Македонија и колку милијарди ќе ја чини државата печатењењто и ковањето на нови пари.

Мора да се сменат и усогласат сите закони, уредби, подзаконски акти, правилници, деловници, печати, фирми, меморандуми, логоа, дневници, учебници уписници и сите службени книги, ознаки на униформите на војската и полицијата, а тоа се повеќе од 60 милиони акти, обележја, ознаки и списи што мора да се сменат за да се задоволат грчките апетити. Од нив мора да се избрише секаде Македонија, нејзината историја и култура, фолклорот и традицијата, идентитетот, од неа корен да не остане, да биде сравнета со земја и уништена.

Мора да се сменат геогравските одредници на производите на македонските индустриски и земјоделски производи, на македонски вина од македонско поднебје, македонски тутун, македонски мермер кој целиот за бадијала отиде во Грција, македонските реки и езера, планини и врвови, нема побвеќе “произведено во Македонија”, ќе мора да стои Северна Македонија. Тоа се повеќе десетици милиони ознаки на произвобите кои треба да се сменат. Сето тоа ќе падне на грбот на народот.

Доаѓа времето на чистилиште на македонизмот и не треба ништо да подсетува ниту на македонизам ниту на патриотизам. Ќе се ревидираа историјата и културата, археологијата, спомениците, музеите, институтите, кои ќе нема со што да се занимаваат, друг ќе ни ја крои и капата и историјата. Само да ве подсетам, како Бојко Борисов му се закани и го фрли на патос лажливецот Зоран Заев и со него како валкана крпа го избриша подот, поради тоа што рекол дека Илинденското востание е Македонско, а кутриот како гмизавец мораше да се извинува дека тоа било од невнимание. Ни се спрема време полошо од она на андартите кои ја збришаа и пеплосаа Егејска Македонија до темел. Тоа и се спрема сега и на Македонија, со големи лаги, притисоци и уцени.

Не може да се менува име на една држава

Македонскиот народ својата слобода ја извојува со над 28.000 илјади жртви во крвавата борба со фашистичките окупатори. Со Уставот од 1946 година врз основа на правото на самопределување државата Народна Република Македонија се дефинира како држава со сите државни атрибути, согласно Повелбата на ООН, со право на самоопределување, право на соединување и право на отцепување (член 2 од Уставот).

Зоран Заев и неговата клика и СДСМ денес газат по коските на илинденците, комитите, војводите, борците и партизаните, ги сквернават хероите и нивните дела, газат по се што е Македонско, како партија која не е патриотска, туку предавничка.

Угнетуван, измачуван, убиван, ограбуван и обесправен низ вековите и војните, македоннскиот народ никогаш не престанал и нема да престане да се бори за својата држава, за национална и социјална правда. Светлината на Крушевската Република и борбата на Илиднденците никогаш не згаснала. Таа борба, денес во овие судбоносни дениви уште повеќе се распламтува за заштита на уставниот поредок со демократски средства. Плејада синови и ќерќи ги положија своите млади животи за Македонија. На Илинден 1944 година на заседанието на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински се поставени темелите на македонската држава.

Македонскиот народ на референдумот од 8-ми септември 1991 година со огромно мнозинство од 95,09% од гласачите што гласале, согласно меѓународното право, се определи за суверена и независна држава Република Македонија. Вољата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 година од Собранието на Република Македонија.

Референдумот од 8–ми септември 1991 година за самостојна и независна држава Република Македонија е темелот на нашата државност, самостојност и незаисност, согласно основниот принцип на самоопределување на народите гарантирано со Повелбата на ООН и гаранција на нашиот национален, историски и културен идентитет. Одлуката на Македонскиот народ на референдумот од 8–ми септември 1991 година, преточена во Уставот на Република Македонија од 17 ноевмври 1991 година, со ништо неможе да се менува, да се поништува, да се преправа, изменува или дополнува, а најмалку тоа може со еден капитулантски договор со Грција.

Граѓани на Македонија, Македонци и Македонки,

Од нас се бара самите да се уништиме, самите да се избришеме како народ, да ја избришеме нашата историска меморија и култура, да ги згаснеме нашите вековни македонски огништа, да станеме народ без корен, беа национален и институционален идентитет, без фолклор и традиција, народ без гордост на својата историја и култура градена низ вековите со вечната борба во која плејада синови и ќерќи на Македонија и за Македонија ги положија своите животи. Можеме ли и смееме ли тоа да го сториме и да заборавиме?

Судбината на Македонија е во нашите раце. Колку и да се обидуваат да не заплашат со еден противуставен референдум нема да се дозволи промена на Уставот и промена на Уставното име на државата и рушење на Македонската држава.

Правото на глас е неприкосновено лично право. Право на секој граѓанин е да не излезе и да не гласа и да не даде легитимитет на ова противуставна фурија за промена на Уставот и промена на Уставното име на државата, по желбата на Грција на штета на Македонскиот народ и Македонската држава.

Сме помиинале многу премрежја, ќе го помоинеме и ова, сплотени и одлучни во одбрана на Уставот и нашата мајка Македонија, нашето уставно име, нашиот идентитет и нашата историја и кутлтура. Во наши раце е одлуката еден противуставен референдум кој никого не обврзува да не успее и на тој начин да се спречи и да се искористи за рушење на Македонскиот Устав и Македонската држава.

https://republika.mk/956239

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.