Среда, 05 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Столтенберг со мерцедесот за кој му се суди на Груевски ќе помине покрај народот кој протестира
Столтенберг со мерцедесот за кој му се суди на Груевски ќе помине покрај народот кој протестира за поддршка на екс премиерот

Столтенберг со мерцедесот за кој му се суди на Груевски ќе помине покрај народот кој протестира за поддршка на екс премиерот

Пред апелациониот суд во Скопје во знак на револт на постапувањето против Никола Груевски, почна да се собира народ, иако Груевски не е во судот во кој се одлучува.

Како што вчера најави на прес-конференција, Никола Груевски и неговите 4 адвокати денес не се појавија во Апелациониот суд во Скопје на закажаната седница.

Всушност од 4 адвокати, дури на тројца им е закажано друго судење на случаи од СЈО во исто време, на кое ако не се појават имаат јавна закана дека ќе бидат казнети со огромни парични казни.

Слично беше и минатиот пат кога сите 4 адвокати на Груевски имаа ваква обврска и закана, а Апелациониот суд дискриминирачки оцени дека Груевски не мора да има адвокат и ја продолжи седницата држејки го 11 часа без адвокат во судот.

Во вчерашната изјава Груевски кажа дека тој нема адвокат, туку адвокатски тим каде секој од 4-те адвокати е фокусиран на различен дел од одбраната.

Претходно, пред оваа седница адвокатите на Груевски доставиле преставка за изземање на Катица Јанева, но истото беше одбиено.

Во судницата има само еден адвокат Стерјо Зиков, но тој во овој случај не е ангазиран и не е адвокат на Никола Груевски, туку само на другиот обвинет Ѓоко Поповски.

Вештакот ангажиран од СЈО во првостепениот суд даде вештачење дека фирмата која го набавила блиндираниот мерцедес не направила никаков екстра профит, и дека нема никаква штета од набавката, заради што СЈО воопшто не го терети Груевски за тоа.

Во истиот Мерцедес токму денес ќе се превезува шефот на НАТО Јан Столтенберг, утре во петок канцеларот на Австрија Себастијан Курц, а во сабота канцеларката на Германија Ангела Меркел. Кога нема странски гости Заев го користи возилото за превоз, исто како и Груевски во минатото, како што и самиот изјави дека го превезувале во тоа возило кога неговото амортизирано возило било на сервис или кога одел на подолго патување.

Инаку во судскиот процес се виде дека нема екстра опрема додадено во Мерцедесот, па дури ни мониторите на задните седишта за кои Груевски наводно инсистирал во телефонскиот разговор, затоа што овие возила бидејки се наменети за ВИП личности, и како такви се произведувале.

Државата по правило треба да има по две вакви возила за секој од 4 те домашни ВИП личности кои по закон мораат да се превезуваат во блиндирано возило а тоа се премиер, претседател, претседател на парламент и министер за внатрешни, како и уште две за странски ВИП гости, што значи вкупни 10 вакви возила. Беше набавено само едно заради економски причини, додека останатите домашни ВИП личности се превезуваат во многу стари блиндирани автомобили, стари по 14-15 години, а кај овие воила заради тежината од балистичката заштита амортизацијата е три пати поголема од истите такви кои не се блиндирани.

Апелациониот суд се наоѓа пред тешка задача и заради уште една причина. Гонењето против Груевски е застарено. Има и релативна и апсолутна застареност.

Максималната казна предвидена во законот за Груевски е три години затвор. СЈО тврди дека тој го прекршил законот кога во телефонски разговор на Јанкуловска на прашање дали ги видел проспектите, и одговорил дека ги видел и дека е најинтересно тоа на „М“. Овој телефонски разговор се случил во фебруари 2012-та. Остантите два телефонски разговори кои се неважни за процесот се случиле во март и во јули 2012-та. Релативна застареност на гонењето настапува ако во рок од три години не се покрене никаков обвинителен процес. Во случајот СЈО во тоа време не постоеше, а ОЈО нема дејствија бидејки и СДСМ не поднел пријава до ОЈО. Согласно член 30 од кривичниот законик, момент на дејствие на сторување кривично дело се зема првото дејствие, а другото се смета за последица. Во случајот тоа е фебруари 2012-та, кога Заев сеуште го нема објавено разговорот, па така обвинителството и не можело да преземе било што.

СЈО и првостепениот суд го признава ова, но се повикува на одредбата дека релативна застареност не може да има ако обвинетиот во меѓувреме сторил и други кривични дела, и се повикуваат на другите 4 предмети на СЈО кои се водат во судовите против Груевски, но забораваат дека ниту едно од тие не е правосилно докажано. Така што во овој случај има чиста релативна застареност на гонењето.

Покрај релативна застареност има и апсолутна застареност. Апсолутна застареност има ако за 6 години од сторување на прекршокот нема правосилна судска одлука, а тоа согласно член 30 од КЗ помина во фебруари 2018-та, кога судењето всушност почна.

Во меѓувреме има апсолутна затареност не само на првиот телефонски разговор, туку на сите телефонски разговори во предметот, а друг доказ против Груевски нема, ако може воопшто да се земе „…..тоа на М“ како доказ бидејки е само асоцијација, во еден наводен телефонски разговор за кој судот поседува само копија, кое не е споредено со оргиналот.

Најверојатно затоа вчера во неговата изјава Груевски за застареноста на гонењето рече дека е проста математика.

Правниците велат дека да не беше името на Груевски во обвинението, било кој судија без дилема случајот ќе го отфрлеше или како случај во кој нема доказ за сторено кривично дело, или како застарено гонење.

Главната вест која вчера беше во неговата изјава беше дека поседува информации дека в.д. претседателката на Апелацискиот суд во четвртокот лично еден по еден разговарала и вршела притисок на сите 5 судии кои треба да одлучуваат за предметот, и барала да и гарантираат дека ќе гласаат на начин да Груевски биде прогласен за виновен и осуден, со цел да биде однесен во затвор до референдумот или до решавањето на името, чија завршница во парламентот може да биде некаде во декември 2018-та или јануари 2019-та.

https://vesti.mk/read/article/https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2F

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.