|
||||
Само да вкусите дел од расипаното јаболко; Договорот помеѓу првата страна |
Наде Дуклеска Само да вкусите дел од расипаното јаболко; Договорот помеѓу првата страна, Хеленска Република и втората страна (не ни имаат напишано име). Читајте го внимателно секој збор во овој член, особено “антиката”. Ние се одкажуваме од цела историја. Со овој договор им ја предаваме во раце. Дел 1 Член 7 (1); Страните признаваат дека нивното разбирање на термините “Македонија” и “Македонци” се однесуваат на различни историски контексти и културни наследства. Член 7 (2); Кога се упатува на првата страна, овие термини не означуваат само област и народ од северниот регион на првата страна, туку и на нивните атрибути, како и хеленистичката цивилизација, историја, култура и наследство на тој регион од антиката до денешен ден. Член 7 (3); Кога се упатува на втората страна, овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, луѓе и нивните атрибути со своја историја, култура и наследство, што се разликуваат од оние кои се однесуваат според член 7 (2). Заборавете ја античка Македонија. Заборавете ја Егејска Македонија и македонското малцинство во неа. Ако излезете на референдум се одкажувате од вашите предци и останувате со некоја си “историја” и “култура” што не постои. Останувате како народ без идентитет. https://www.facebook.com/photo.php?fbid=548119252274101&set=a.130849530667744&type=3&theater |