|
||||
Владата со 40.000 долари стипендија за ќерката на Димитров? |
Владата со 40.000 долари стипендија за ќерката на Димитров?Во екот на забраната за финансиски исплати по Изборен законик, ќерката на Димитров, добила стипендија од Дескоска, од Македонија, да се школува дома во Холандија? Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 На 4-ти Август 2017-та година тогашната министерка за образование Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство.Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанува и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова, ќерка на тогашниот и сеуште актуелен министер за надворешни работи Никола Димитров, да и додели стипендија за студии во Холандија во висина од 40.000 долари. Никола Димитров во Холандија има стан од 132м2 во Хаг, кој пак е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот на Димитрова.
Скратено, во еден ден колешката министерка Дескоска формира комисија која и доделува 40.000 долари стипендија на ќерката на колегата министер Димитров. Ова наликува на скандалозна злоупотреба на службената положба и буџетските средства во интерес на членовите од потесното семејство на министерот Никола Димитров. И тоа се е одлучено во само еден ден. Навистина, ваква ефикасност на државната администрација нема ни во Холандија како членка на ЕУ. Но, во ЕУ има принципи кои се дефинирани како непотизам, судир на интереси, сомневање за изигрување на законите и корупција. Сомневањето е во брзањето на комисијата да ја донесе одлуката за стипендија на само два дена пред распишувањето на локалните избори на 6-ти Август 2017-та, кога настапува и забраната за исплата на буџетски средства според член 8-а од изборниот Законик. Дилемата која треба да ја одговорат министерството за образование и министерот Димитров е дали исплатата на овие 40.000 долари или други средства поврзани со студиите на ќерката на министерот за надворешни работи биле исплатени на или во име на Јана Димитрова додека траела забраната за исплата според изборниот Законик? За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара. Дали во овој случај има судир на интереси и непотиза?. Ние ќе ги наведеме само фактите. Многу студенти бараат стипендии за странство, но не секој може да добие. Студентката во случајов е ќерка на министер, кој министер пак е колега со министерката за образование, која по брза постапка, во само еден ден формира комисија и одобрува стипендија од 40.000 долари. Колешката на Димитров, Дескоска, која тогаш била министер за образование, а денес актуелен министер за правда, најверојатно знаела дека не смее да врши исплати според Изборниот законик, но сепак го направила тоа.Со комисијата претседавала Маринела Маричиќ Тушева, поранешна пратеничка од СДСМ и сопруга на приот советник на Заев за надворешна политика, Бојан Маричиќ, кој има многу блиска соработка со министерот Димитров по однос на состаувањето и склучувањето на Договорот со Грција потпишан во Нивици/Псаридес. И министерката за образование Дескоска и претседавачот со комисијата Маричиќ Тушева знаеле за кого станува збор, односно според приложените документи увиделе дека Јана Димитрова е ќерка на членот на владата Никола Димитров. Комисијата не работела во полн состав, односно отсуствувал претседателот на комисијата Бардуљ Туши, па отаму се поставуа прашањето дали тој бил свесен за Судирот на интереси и непотизмот во овој случај и дали заради тоа не бил присутен кога се носела одлуката за стипендијата од 40.000 долари на Јана Димитрова? Стипендијата, освен школарина на факулетот во Утрехт, покрива и авионски билети до Холандија и од Холандија кон Македонија, на почетокот и на крајот на секоја студиска година. Стипендијата исто така го покрива и сместувањето за Јана Димитрова, но тука се отвара уште една дилема, а тоа е дека министерот Димитров поседува стан од 132м2 во Хаг, кој е оддалечен 69 километри од Утрехт, односно 40 минути возење со воз до Универзитетот. Јана Димитрова има 18 години и е најстарото од трите деца на Димитров. Во нејзините намери не се суди, но за можните злоупотреби на функцијата ќе мора да одговараат сите кои и обезбедиле “европски” начин на студирање во земјата која и е дом.Се поставува прашањето дали на ќерката на министерот Димитров владата морала да и го покрие и сместувањето ако нејзиниот татко има голем стан кој е релативно блиску до факултетот каде што ќе студира, и каде што живее неговата сопруга и неговите други две деца? Истовремено, дали министерот Димитров не сакал да биде транспарентен и затоа не сакал овие 40.000 долари стипендија за негоата ќерка да ги пријави како дел од приходот на неговото семејство во антикорупциската комисија, иако од анкетниот лист се гледа дека еден од неговите три стана му е пријавен токму како имот во сопственост на неговите деца? На крајот наместо заклучок, да направиме паралела со принципите во ЕУ. Замислете што ќе се случи доколку детето на холандскиот министер за надворешни работи Блок, по ургенција кај колешката министерка за образование, во рок од еден ден добие стипендија од 40.000 долари за студии во странство, на факултет во чиј радиус од 70 километри нејзиниот татко има комотен стан? Не се мачете многу. Во истиот момент кога јаноста ќе го дознаеше тоа, министерот за надворешни и министерката за образование под притисок на демократската јавност во Холандија ќе поднесеа оставки од владата. Дали така ќе постапат Дескоска и Никола Димитров, наскоро ќе дознаеме. Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 https://www.magazin.mk/%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%be-40000- |