Четврток, 06 Септември 2018    PDF Печати Е-пошта
Кратко кажано имаме целосно неедуцирана дипломатија, исклучително слаба наука во оваа област

oon 13

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ООН.

Овие услови се: 1 Обврска за носење на деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопствен правен идентитет) со друга држава.

Според судскиот став на Меѓународниот суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат како свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.

Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се спротивни на Повелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (од Хаг) од 1948 година, искажан е ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием.

Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 од Повелбата.

По откривањето на кршењето на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелегални дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета.

Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политички приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајки од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да се побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифаќајки ги ставовите на Меѓународниот суд од 1948, со просто мнозинство од присутните членови кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата односно деноминацијата "the former Yugoslav Republic of Macedonia ").
Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден меѓу чекор, а тој е поставување на прашање до Генералното Собрание на ОН до Меѓународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали поставените услови влегуваат во категоријата специфични, дополнителни услови за прием на Македонија во ОН, дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавно мислење од Меѓународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата "the former Yugoslav Republic of Macedonia ", и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислење од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Да потсетам, државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државни имиња. Избор на државно уставно име е во строга внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неоттуѓиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретација на историските факти и движења. Државното име, како такво, не влијае на историската интерпретација.

Грчкото обвинение дека името е поврзано со иредентизам и територијални аспирации, исто така е неосновано според меѓународното право. Во меѓународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влијае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозување на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строга внатрешна надлежност на секоја држава, според меѓународното право, не може да биде толкувано како иредентизам или како територијални аспирации.

Што се однесува до Нимиц, тој не одговара на Советот за безбедност, туку на Генералниот секретар на ООН. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генсекот на ОН редовно поднесува извештаи до ООН. Сега ако ги прекинеме преговорите за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генсекот, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност не може да донесе каква било резолуција со која би ја оневозможило акцијата во Генералното собрание на ООН или пред Меѓународниот суд на правдата.

Така да, ако можам да заклучам проблемот во Македонија е апсолутно непознавање на функционирањето на системот на ООН.

Пример, во врска со членството Генералното собрание на ООН донесува обврзувачки одлуки (а Советот за безбедност дава само препораки). Односно ние целосно можеме да го заобиколиме и Нимиц и Советот за безбедност. Натаму одлуките во Генералното собрание се донесуваат со просто мнозинство. Нимиц е ангажиран по договор за дело и е пензионер на ООН.

Кратко кажано имаме целосно неедуцирана дипломатија, исклучително слаба наука во оваа област и поплава на лаички мислења од нестручни лица, така што тоа е главната причина што досега ништо нема направено на овој план.

Професор.Др. Игор Јанев

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.