|
||||
Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес 6 септември 2018та година оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.На средбата стана збор за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава. Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање. ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кој се од суштествено значење за граѓанинот, а таму се до сега се забележува огромна стагнација пропратена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба. Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ |